Организаторите планираа да ја одбележат 50-годишнината на култниот модел со 911 примероци од Porsche 911, но бројот испадна многу поголем. Случајно испадна нов светски рекорд.
Место планираните 911 примероци, како симболична бројка за одбележување на половината век на германската спортска икона, на патеката во Силверстоун се појавија дури 1.208 сопственици на славеничкиот модел на Porsche. Невидениот спектакл чиј приход ќе оди во добротворни цели, беше придружен од бројни личности од историјата на марката од Цуфенхаузен, покрај десетилјадна публика.
[slideshow id=88]
Марк Порше, син на дизајнерот на Porsche 911, Фердинанд Александер Буци Порше, и правнук на основачот на марката, Фердинанд Порше, ја предводеше прославата и беше придружен од многубројните тркачки легенди на спортската марка. На настанот присуствуваше поранешниот возач на формула 1 и петкратен победник Дерек Бел, покрај Ричарт Етвуд, победникот на трката 24 Часа Леман во 1970 година со тркачки прототип на Porsche и тркачката легенда Џон Фицпатрик. Останатиот дел од шарениот конвој кој резултираше со рекордна бројка го сочинуваа сопственици на буквално сите моделски изведби на Porsche 911, од Carrera и RSR, преку Speedster и GT, до Targa и Turbo.