Светски рекорд со Nissan Note: Литванец влечеше 12 автомобили

Кога автомобилот не пали и треба да се поттурне, вистинскиот човек за помош е Зидринас Савицкас. Петкратниот „Најсилен човек во светот“ може да повлече и 12 автомобили одеднаш.

Пример за силината на овој човек се 425,5-те килограми што тој ги крева од клечење. Сега Савицкас постави нов светски рекорд во влечење низа автомобили во кого учествуваше и Nissan Note. Во рамките на изборот на автомобил на годината во Литванија, Савицкас повлече дванаесет Nissan Note со вкупна тежина од близу 13 тони. За тешката композиција да ја влече пет метри, на Литванецот му беа потребни 32,9 секунди. Претставниците на Гинисовата книга на рекорди дозволуваат само еден обид за поставување на овој рекорд, кој сега и официјално е признат.

112721_1_5

Претходна објаваКинезите купуваат најмногу автомобили
Следна објаваDacia Duster го наполни оружјето

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here