за ,

Салон во Токио: Домашниот терен му лежи на Mitsubishi

Модерни, спортски и со хибриден погон – такви ќе бидат идните модели на Mitsubishi. Радикалниот дизајн на моделите е само стилска вежба. Поголема веројатност за влез во серија имаат нивните хибридни погони.

Три студии, три верзии на хибриден погон. Mitsubishi ќе прикаже три студии на кросовери на домашниот салон, сите три со различна изведба на хибридниот погон. Студијата на спортски теренец GC-PHEV се ориентира првенствено кон моќноста и вози со трилитарски V6 со механички компресор, во комбинација со електромотор. Со можноста за надворешно полнење на батериите се зголемува досегот на возење на спортскиот теренец со погон на сите тркала.

Штедливоста е примарна цел кај вториот концептен автомобил XV-PHEV. Во компактниот кросовер работи 1,1-литарски мотор со турбонатполнење. Истиот мотор се користи и во последната студија AR, но тука електромоторот не се користи за изведување на сложен и скап хибриден систем, туку првенствено служи за дополнителна сила при забрзувањето и не може самостојно да го движи возилото, како што е случај кај другите два концепта.

Јапонскиот производител не открива детали за можното влегување на овие модели во сериско производство, но може да се очекува дека барем хибридните погони ќе се најдат во идните модели на Mitsubishi.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota GT86 како купе лимузина со премиера во Дубаи

Електричниот Nissan Leaf и натаму е најпродаван автомобил во Норвешка