за

Toyota GT86 како купе лимузина со премиера во Дубаи

Заедничкиот модел на Toyota и Subaru ќе добие нова каросериска изведба. Импортерот на Toyota за Дубаи прв ги објави фотографиите од моделот што во сериска изведба ќе се појави веќе на салонот во Женева.

На салонот во Дубаи кој почнува утре ќе доживее премиера купе-лимузината од Toyota GT86. Платформата на новиот модел ќе има за 10 сантиметри подолго меѓуоскино растојание од спортското купе, со што се создава повеќе простор на задната клупа и место за дополнителниот чифт врати. Дволитарскиот боксер мотор со 200 КС исто така се задржува во трендовската купе лимузина.

Дизајнот ги следи линиите на купето, со таа разлика што покривот се спушта подоцна и преоѓа меко во кусиот опаш. Моделот ќе дебитира во Дубаи како концепт, а на салонот во Женева напролет ќе се појави и сериската изведба од лимузинскиот GT86.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus ќе претстави ново купе на салонот во Токио

Салон во Токио: Домашниот терен му лежи на Mitsubishi