Русија ќе стане најголем европски пазар до 2020

Германија ќе мора да го препушти местото на најголем европски пазар на Русија до 2020 година. Русите дотогаш ќе се искачат и на петтото место на најголеми пазари на глобално ниво.

Водечките производители General Motors, Volkswagen, Ford и Renault инвестираа огромни суми во рускиот пазар очекувајќи дека во следниот период растечката средна класа за прв пат ќе купи автомобил, односно ќе го замени стариот, најчесто од руско производство. Експертите предвидуваат дека Русија ќе ја претрпи истата трансформација како Бразил и Кина, и од увозно ориентиран пазар ќе се претвори во пазар за возила од локална продукција.

Според студијата на Boston Consulting, рускиот пазар ќе расте со просечна годишна стапка од 6 проценти до 2020 година, по што ќе достигне годишна продажба од 4,4 милиони возила. За споредба, лани се продадоа 2,9 милиони возила на рускиот пазар. Со таа бројка, Русите ќе се најдат веднаш по Кина, САД, Индија и Бразил, на списокот на најголеми пазари во светот. Во 2009 година, тие беа на десеттото место.

Претходна објаваУниверзитетот Брауншвајг направи автомобил што размислува како возач
Следна објаваЗошто банкротираше Детроит, градот на автомобилите?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here