за ,

Романија ќе ги запленува колите на брзите возачи

Брзинските ограничувања имаат за цел да ја зголемат безбедноста на патиштата. Но, тоа успева само кога има строга контрола. Романскиот премиер има уште подобра идеја. Тој ќе ги запленува автомобилите на брзите возачи.

Брзината на автопатиштата во Романија е ограничена на 130 километри на час. Тешките сообраќајни незгоди со фатален исход не престануваат да зачестуваат. Премиерот Виктор Понта ќе стави крај на тоа. Тој ќе ги запленува колите на возачите што не се придржуваат до брзинските ограничувања.

Премиерот стои цврсто на овој став и тврди дека ќе остане на него и по цена ако ја изгуби државната фотелја: „Не смее да му се дозволи на некој што вози 250 низ населено место да ја задржи колата.“ Социјалистот Понта е страстен тркач, секако, само на патека за рели.

Според полициските статистики, во Романија има околу 3.000 жртви во сообраќај годишно. Една од причините за високиот број на жртви е тоа што не постои разгранета мрежа од автопатишта во државата. Најважните меѓународни магистрали минуваат низ места во кои што сообраќајот постојано се згуснува. Покрај тоа, многумина од возачите не се придржуваат кон брзинските ограничувања.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Продажбата на Porsche во април порасна за 21 процент

Car2go продолжува да го освојува светот: Сега и во Бирмингем