Роби Вилијамс бара работа во автомобилската бранша

Пејачот Роби Вилијамс се впушти во потрага по работа преку Twitter. Тој веќе доби и една конкретна понуда.

Познатиот англиски пејач и забавувач Роби Вилијамс се впушти во потрага по работа преку социјалните мрежи. „Имав одлична кариера, но сега сакам да направам нешто поинакво. За прв пат во мојот живот сакам да имам вистинска работа,“ кажува Вилијамс во видеопораката што синоќа ја објави на неговиот профил на Twitter. „Ја сакам Германија и сакам да живеам таму,“ продолжува тој. По некое време пејачот дошол до заклучок дека во Германија се произведуваат одлични автомобили – „затоа, јавете ми се!“ Најбрзо реагирале од Mercedes: „Роби, договорот за менаџер за социјални медиуми за Mercedes-Benz Mixed Tapes веќе те чека. Твоето службено возило исто така…“

Раководејќи се според брзината на добиениот одговор, некои медиуми се сомневаат дека станува збор за кампања на социјалните медиуми. Mercedes сепак го демантира тоа. Остануваат сомневањата околу веродостојноста на видеото. Вилијамс има продадено 77 милиони носачи на звук и парите не би требало да му претставуваат проблем.

Претходна објаваMercedes декласиран: Volvo го има најсилниот дволитарец
Следна објаваVolkswagen ќе произведува автомобили во Нигерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here