Светскиот авантурист и трикратен рекордер Рајнер Цитлоу веќе е на следното големо патување. За осум денови, тој треба со Volkswagen Touareg да го совлада растојанието од крајниот Исток на Русија до Лисабон – во рекордно време.
Рајнер Цитлоу појде на следната голема авантура, долга 15.200 километри по Евроазискиот континент. За околу осум денови, Рајнер треба да со совлада ова растојание од Магадан, најисточниот град на азискиот континент што е достапен со автомобил, до Лисабон, најзападниот град на европскиот конеинент. Исто како во претходните потфати, Цитлоу ќе ги донира паричните средства за СОС детското село во Белорусија, кадешто ќе се упати по завршувањето на патешествието.
Еден од главните спонзори е снабдувачот со пневматици Goodyear, кој исто како повеќекратниот светски рекордер Цитлоу, има бројни епитети „прв во светот“. Goodyear се првите гуми што газеле по површината на месечината, прв има произведено пневматици за терен и прв што со чиишто пневматици се постигнати 350 победи во формула 1.
Ова е петти предизвик со којшто се соочува 45-годишниот Германец. Тој треба да совлада 11 временски зони, почнувајќи од најестремната точка во Евроазија којашто е достапна со автомобил. Дневната рута во просек треба да се движи меѓу 2.100 и 2.250 километри, за обидот за соборување рекорд да успее. Најголемиот предизвик сепак ќе биде соочувањето со московскиот сообраќаен метеж и со неславниот автопат Колима во Русија, којшто е пат од 3.000 километри по земја, со големи предизвици за возачот, автомобилот и пневматиците. Цитлоу третпат вози со гуми Goodyear, по подвизите Cape to Cape и Cape to Cape 2.0.
Во тимот се наоѓаат камерманот Мариус Биела и рускиот новинар Петер Баканов. Седум земји треба да се совладаат во следниве осум денови: Русија, Белорусија, Полска, Германија, Франција, Шпанија и Португалија.
Volkswagen Touareg V6 TDI третпат ќе урива рекорди. Модификации се извршени само во зајакнувањето на најчувствителните компоненти од подвозјето, вградување заштитен кафез и дополнителни резервоари со капацитет до 3.000 километри.

















