за

Porsche Panamera комплетно ќе се произведува во фабриката во Лајпциг

Porsche за првпат ќе вработува над 4.000 лица во фабриката во Лајпциг, откако наесен ќе стартува производството на новата Panamera. Спортската марка инвестираше нови 500 милиони евра во овие погони.

Од наесен, фабриката на Porsche во Лајпциг за првпат ќе брои над 4.000 вработени лица. Производителот на спортските возила во континуитет ги проширува капацитетите на оваа фабрика што беше пуштена во работа во февруари 2000 година. Рекордното зголемување на персоналот се должи на престојниот почеток на производството на новата генерација на спортската лимузина Panamera, којашто доживеа светска премиера пред неколку денови.

Со комплетното преземање на производството на Panamera, фабриката во Лајпциг се проширува по четврти пат. Половина милијарда евра се инвестирани во таа цел. Во минатите две години, во западниот дел од фабриката беше изграден нов погон за изработка на каросерии, со површина од 56.000 метри квадратни. На тоа следеа и неколку модификации во монтажата и инфраструктурата. Вкупно 600 нови работни места се отворија во погоните во Лајпциг.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti ќе изработува специјална колекција со Џорџо Армани

Рајнер Цитлоу во нов потфат: Од Магадан до Лисабон за 8 денови