Возилата во вечниот град утре ќе бидат ставени во мирување, како мерка за намалување на загаденоста на воздухот. Истото ќе се повтори во последната недела од февруари.
Сообраќајот во зелениот појас на Рим ќе биде затворен утре во два повеќечасовни периоди. Оваа мерка е дел од програмата за намалување на загаденоста на воздухот во италијанската престолнина и ќе се повтори во последната недела од февруари. Од забраната за сообраќај се исклучени возилата со електричен и хибриден погон, како и автомобилите со бензински и дизел мотори коишто ја задоволуваат нормата Euro 5, вклучувајќи и автомобили со погон на метан и автогас, како и мотоцикли според Euro 2 и Euro 3. За непочитување на забраната за сообраќај во зелениот градски појас во периодот меѓу 7.30 и 12.30 часот и 16.30 до 20.30 часот следува казна во висина од 163 евра.
Рим почна со ограничување на сообраќајот во градот кон крајот на минатата година и спроведе денови без сообраќај на 16-ти ноември и на 28-ми декември.
















