за

Премиера за Datsun на салонот во Москва

Datsun е втората „евтина“ марка на Renault-Nissan по романската Dacia и со премиерата на двата нови модела на салонот во Москва планира да го започне освојувањето на големиот руски пазар.

На лимузината Datsun on-DO, којашто беше претставена во почетокот на годинава и ќе стартува со испорака на рускиот пазар во септември, на штотуку отворениот салон во Москва ѝ се придружи комбилимузинската изведба mi-DO, којашто воедно доживува и светска премиера на салонот. Продажбата на верзијата со пет врати ќе стартува во почетокот на следната година.

Обете каросериски изведби користат иста платформа со меѓуоскино растојание од 2.576 mm, обете се широки 1,7 и високи 1,5 метар, но разликата е во должината. Досега лимузината мери 4.337 mm меѓу браниците, mi-DO е значително покус со 3.950 mm. Стандардната опрема вклучува две воздушни перници, АВЅ, греење на седиштата и на ретровизорите. Под хаубата работи „руски“ 1,6-литарски мотор со 8 вентили и моќност од 87 КС, со можност да е комбинира со четиристепен автоматик, место со стандардниот петстепен мануелен менувач.

Евтината марка на Јапонците моментно располага со мрежаод 25 продажни салони, со план за отворање на нови 75 салони во следните две години. Гаранцијата покрива 3 години или 100.000 километри, а за моделите да бидат подостапни до купувачите, Datsun нуди и привлечна кредитна понуда.

Имињата Datsun on-DO и Datsun mi-DO го симболизираат интернационалниот карактер на возилата, со призвуци од јапонскиот, англискиот и рускиот јазик. DO е јапонски збор и значи „движење“ и „начин“ на справување со работите. „On“ е руски збор за „тој“, додека „Mi“ се повикува на англискиот збор за „мене“ и воспоставува врска меѓу сопственикот и автомобилот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki ја покажа новата Vitara

Првата серија од новиот Volvo XC90 достапна само на интернет