Прво летање на млазниот авион на Honda

Honda не произведува само добри автомобили, мотоцикли и брзи тревокосачки. Сега Honda буквално се искачува до облаците. Приватниот џет на Honda лета 780 km/h и ќе се продава од в година.

Концернот Honda има најразлични модели на автомобили и мотоцикли во понудата, ги произведува најбрзата тревокосачка во светот и најнапредниот хуманоиден робот. Последниот производ на Јапонците може да лета до висина од 43.000 стапки и тоа со брзина од 780 километри на час. Сериската верзија на Honda Jet штотуку го направи пионерскиот лет и се подготвува за почеток на производство од следната година. Стартот на службениот авион претходно се одложуваше неколкупати.

Тринаесетметарскиот приватен авион чини околу 4,5 милиони американски долари, што е поволна цена за авион од таа категорија, па оттаму и прекарот „Civic во облаците“. Моторите се поставени необично, на посебни држачи врз крилата, место на трупот, како што е случај кај повеќето приватни џетови.

Во патничката кабина има место за петмина патници, а со примената на нови материјали и штедлива погондка техника, потрошувачката на гориво е намалена за една третина во споредба со другите авиони во класата.

Претходна објаваAudi ќе користи спирални пружини од фиберглас
Следна објаваAriel се враќа со мотоцикл по половина век

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here