за ,

Правилниот притисок е важен и за гумите

Времето стопли и мами да се отпатува подалеку од градот. Но, не смее да се заборави на правилниот притисок во гумите. Со доволно внимавање при возењето, продупчувањето гума денес се случува мошне ретко. Затоа, пак, при недоволно грижа, возење со пренизок притисок и при оштетување, на пример од удар во тротоар, и покрај огромниот технолошки напредок, сепак може да се случи непосакуваното. Староста на гумите исто така е важен фактор. По правило, гумите треба да се заменат по шест години, без разлика дали профилот се уште не е истрошен до законскиот минимум.

Правилниот притисок во гумите е наведен во упатството за возилото и на налепница на капакот на резервоарот или на вратата. Секој автомобил има посебна големина на гуми, поради тоа и вредностите на притисокот се разликуваат од еден до друг модел на возило.

Не треба да се вози со понизок притисок од пропишаниот. При притисок понизок за само 0,2 бари од пропишаниот, во град се троши до пет проценти повеќе гориво. Половина бар пренизок притисок значи еден литар непотребно потрошено гориво на 100 километри. Вредностите на производителите на возила најчесто се комфорен компромис. Не е штетно ако притисокот е за 0,2 до 0,3 бари над пропишаниот. При поголемо отстапување се нарушуваат возните својства и профилот на гумата се троши неправилно.

Вредностите во притисокот важат за незагреани гуми. Доволни се десет километри возење за гумите да се загреат. Затоа не смее да се испушта воздух при проверка на притисокот по подолго возење. Нормално е при загревање притисокот да биде зголемен за 0,1 до 0,3 бари.

При подолго возење по автопат се препорачува притисокот да се зголеми за 0,3 бари. Максималниот притисок во гумите сепак не се препорачува секогаш за возење со висока брзина. Овој притисок важи за возење со полна натовареност на возилото. Кај возилата со повисока носивост обично се пропишуваат вредности од околу три бари, кои пак, воопшто не одговараат кога со празно возило се вози по автопат. Затоа, по возењето со полна натовареност и со максималната вредност, притисокот треба повторно да се врати на нормална вредност.

Повеќе специјализирани работилници нудат полнење на гумите со различни видови на гасови и ветуваат предности. Но, веродостојноста на овие ветувања досега не се потврдила во практиката. Воздухот е сосема доволен. Меѓу другото, воздухот е тоа што стои на располагање на станиците за точење гориво.

Капите на вентилите не се само за украс, туку спречуваат воздухот со текот на времето да се пропушти низ вентилите.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Honda CR-V стартува од 21.990 евра

Од историјата на Opel: На почеток сите беа кабриолети