Почнува сериското производство на Honda NSX

Кон крајот на следниот месец од фабриката на Honda во Охајо ќе почнат да излегуваат првите примероци од новата Honda NSX. Производството е исто толку спектакуларно колку и самиот автомобил.

Во новата фабрика на Honda во американската сојузна држава Охајо кон крајот на следниот месец ќе стартува сериското производство на новата генерација на суперспортскиот NSX. Европските купувачи ќе мораат да се стрпат уште половина година додека започне испораката на стариот континент, по цена од 180.000 евра.

honda nsx fabrikaФабриката во Мерисвил е изградена посебно за новиот NSX и оттаму ќе се испорачува на глобалниот пазар. Според Honda, оваа специјализирана фабрика за малосериско производство ќе постави нови стандарди во поглед на изработката на каросеријата, лакирањето, завршната монтажа и контролата на квалитетот. Каросеријата изработена од повеќе материјали и шасијата условија примена на неколку иновативни постапки во производството.

Алуминиумската рамка, на пример, за првпат во браншата се изработува во МИГ-постапка на заварување исклучиво од роботи. Осум роботи ја заваруваат рамката на 860 точки, со исклучително висока прецизност при монтажата на каросеријата. Носачите ја ротираат каросеријата за 360 степени и на тој начин им го ослободуваат пристапот на роботите.

Секоја од 547-те завртки се поставува рачно и се стега со моментен клуч кој отчитаната вредност ја испраќа во мрежа

Моторот V6 со битурбонатполнење и работна зафатнина од 3,5 литри ја пренесува моќта преку деветстепен менувач со двојона спојка до трите електромотори: Два на предната оска, еден назад меѓу менувачот и моторот. Системската моќност изнесува 581 КС, максималниот вртежен момент е 646 њутнметри.Човечка рака на врвно обучени мајстори ги придружува роботските процеси во текот на целата монтажа.

honda nsx fabrikaТехничарите минуваат над 14 часови во составување на погонот, подвозјето, електрониката, ентериерот и завршните лимови на каросеријата. Секоја завртка се поставува рачно и со помош на моментен клуч поврзан во мрежа се затегнува точно во рамките на толеранцијата. На тој начин се регистрира затегнувањето на секоја завртка и на секое возило што претставува нов стандард во монтажата.Прва примена во автомобилската бранша доживува и таканаречениот аблациски лив. Со оваа иновативна постапка на леење се формираат шест спојни точки со шасијата, кои служат како точки за прицврстување на подвозјето и за погонот и воедно претставуваат критични составни делови од безбедносната структура на возилото.

Во шестчасовната завршна монтажа што трае шест часови се користат техники и постапки што се докажале во тркачките на Honda, со цел да се постигне врвен квалитет и врвна ефикасност. Секој дел се монтира рачно, вклучувајќи ги и 547-те завртки.

По завршетокот на монтажата, секој мотор се балансира машински, се тестира на пробна рампа и се вози 240 километри, за NSX да биде подготвен за „брз старт“ веднаш по испораката.

Претходна објаваToyota одбележува 65-годишнина на Land Cruiser
Следна објаваПоследниот Volkswagen Phaeton од „стаклената мануфактура“ во Дрезден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here