за

Потврдено од шефот: Opel Astra OPC доаѓа во 2017 година

Во развојот на идниот тркач се користат искуствата со лесни материјали од студијата Astra OPC Extreme

Следната генерација на Astra веќе е во завршно тестирање, но досега немаше информации дали и натаму ќе се нуди верзијата OPC. Шефот Вилфрид Дие потврди, OPC доаѓа.

Шефот на одделението за спортските модели на Opel потврди дека верзијата OPC ќе следува една година по премиерата на новата генерација на Astra, чијшто пазарен старт се очекува кон крајот на 2015 година. Новата Astra OPC ќе го замени дволитарскиот турбо со помал мотор со зафатнина од 1,6 литар. Иако помал, новиот мотор во OPC ќе има дури и неколку КС повеќе во споредба со актуелниот дволитарец со 280 КС.

Со примена на полесни материјали значително ќе се намали и тежината на идниот спортски модел во гамата на Astra. Актуелната верзија OPC тежи околу 1,5 тон, а шефот Дие најавува дека идниот модел ќе намали околу 150 килограми од тежината. Техничарите на Opеl го најавија правецот на развој на новиот OPC преку студијата Astra OPC Extreme.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Богатите купуваат како луди: Bentley повторно пред рекордна година

BMW го вработи главниот инженер на Ferrari