за

Богатите купуваат како луди: Bentley повторно пред рекордна година

Пораст во продажбата од 19 проценти е бројка што денес можат да ја постигнат само луксузните марки

Во првите девет месеци од годинава се продадоа близу 8.000 возила на Bentley, што претставува зголемување од една петина во однос на истиот период лани.

Сите четири клучни пазари за Bentley – Северна и Јужна Америка, Кина, Европа и Средниот Исток – забележаа огромен пораст во продажбата во првите три квартали од годинава. Америка и натаму е број еден пазар за благородната марка, со големи изгледи Кина наскоро да го преземе местото. За позитивниот тренд во продажбата придонесуваат и новите модели како купето и кабриолетот Continental GT V8 S и Flying Spur V8.

Задржувајќи го првото место во глобалната продажба, во Северна и Јужна Америка се продадоа 2.107 возила, што е зголемување од 4% во споредба со првите девет месеци од минатата година. Огромен напредок е постигнат на кинескиот пазар, со 1.959 возила, наспроти 1.264 возила лани. Во Европа, најголем пазар за Bentley и натаму е германскиот, со 1.155 возила, односно 7% повеќе отколку во периодот од јануари до септември лани, пред британскиот пазар со 1.113 возила (+5%).

Средниот Исток купил 720 возила (+21%), што претставува двојно зголемување за период од три години. Во одличната продажба на Bentley учествува и регионот на Пацификот, со 468 возила (+49%), со 46% пораст во продажбата на јапонскиот пазар и 207 продадени возила. Лани Bentley веќе имаше рекордна година, со највисока продажба, промет и профит во 95-годишната историја на марката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

300.000 километри без прекин: Рекорд за Mercedes со погон на водород

Потврдено од шефот: Opel Astra OPC доаѓа во 2017 година