Последниот McLaren P1 е на струја и достига крајна брзина за две секунди

Во салоните на McLaren пристига нова серија на P1, со погон на струја и способна да ја достигне крајната брзина за само две секунди. Еуфоријата сепак мора да спласне затоа што ексклузивната серија на Р1 е наменета само за избрана клиентела.

McLaren Automotive веќе најави дека развива суперболид со погон само на струја, припадник на ултимативната серија модели. Во меѓувреме, електрична верзија од актуелниот McLaren P1 е достапна, но само за избрана клиентела. Право да седнат зад воланот имаат само возачите на возраст до шест години – барем тоа е препораката.

mclaren p1 toy car 00004

Младешкиот McLaren P1 се разликува од големиот брат во две работи. Прво, седиштето е средишно, исто како кај легендарниот McLaren F1, второ, младите возачи ќе го искусат тоа што возрасните никогаш не го искусиле – да возат McLaren P1 со отворен покрив. Вратите го задржуваат оригиналното отворање. Тоа што особено одушевува и се очекува од McLaren е забрзувањето. Малечкиот P1 ја достигнува крајната брзина од место за само две секунди.

mclaren p1 toy car 00003

Стартувањето е на копче, при што веднаш се вклучуваат светлата и „климатизацијата“. Радио и читач за MP3 се стандард, со фабрички вчитани детски песни. P1 располага и со рикверц, покрај трите степени за напред, што е корисно ако се утне игралиштето.

mclaren p1 toy car 00002

Електричниот McLaren P1 е прв производ на Британците во овој растечки сегмент и воедно најкомпактен модел што го носел логото на куќата. Моделот ќе се најде во продажба кон крајот на октомври во избрани салони на McLaren и продавници за играчки, цената изнесува 375 фунти.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

  • The Ride On McLaren P1TM
  • Боја – Вулкан жолта
  • Крајна брзина – околу 5 километри на час
  • Препорачана продажна цена – £375.00

mclaren p1 toy car 00001

Претходна објаваНовo претставништво за Jaguar и Land Rover во Македонија
Следна објаваBentley за штедливци: Дизел мотор во Bentayga

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here