Благородните британски марки Jaguar и Land Rover од следниот месец ќе бидат присутни под ново претставништво на македонскиот пазар. Унгарска компанија со годишен приход од половина милијарда евра во иднина ќе ги покрива осумте земји од јадранскиот регион со дваесетмилионска популација.
Во тендерот за избор на автомобилски импортер во кој се натпреваруваа компании од три континенти, престижниот британски производител Jaguar Land Rover ја одбра компанијата Wallis Automotive Europe да ги претставува овие марки во јадранскиот регион, односно во државите од поранешна Југославија и во Албанија.
Компанијата е дел од унгарската Wallis Group, инвестициски холдинг со годишен приход кој надминува 460 милиони евра. Генералниот директор на Wallis Automotive, г-динот Андрју Прест, изјави „со поврзување на 8 држави и над 20-милионска популација, подготвени сме да понудиме побрза испорака на возила до крајните купувачи, подобра техничка поддршка и силна импортерска организација со сите предности од економијата на големо. На овој начин ќе се подобри пазарното учество во Македонија како и кај околните земји”.
Седиштето на групацијата ќе биде во Загреб, со поддршка за осумте држави
Оперативното седиште на групацијата Wallis ќе биде во Загреб, каде мултинационален тим ќе биде на располагање и поддршка за сите осум држави. Jaguar Land Rover ја започна својата најамбициозна продажна офанзива досега и продажбата ќе се дуплира од половина милион минатата година до еден милион до крајот на деценијата.
Регионалниот директор на продажба на Wallis Automotive Europe, г-динот Игор Илиев изјави: „Почестени сме што ќе бидеме новите претставници на Jaguar и Land Rover во Македонија, особено во овој возбудлив период од нивната историја. И двете марки бележат фантастичен пораст а Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа.” Истовремено додаде „со три нови модели кои ќе се комерцијализираат до крајот на оваа финансиска година, Jaguar Land Rover лансира една од најамбициозната и највозбудлива продукт офанзива од било кој производител на возила денеска а истовремено располага со најмлада гама.”
Наредниот месец Wallis ќе го открие идентитетот на новиот дилер и овластен сервис на Jaguar Land Rover во Скопје.
















