за

Половина од продажбата на Volkswagen е во Кина

Марката Volkswagen во јануари продаде 521.400 автомобили низ светот и тоа е раст од 2,8 проценти. Повеќе од половината од возилата се продадоа на кинескиот пазар.

Глобалната продажба на Volkswagen се покажа имуна на „дизелгејтот“ и во првиот месец од годинава забележа раст од 2,8 проценти, со вкупно 521.400 патнички автомобили. Кинескиот пазар апсорбираше повеќе од половина од оваа продажба. На својот најголем единечен пазар во светот, марката од Волфсбург продаде 300.000 возила или за 15,4 проценти повеќе отколку во ланскиот јануари.

Незначителен пад во продажбата од 2,6 проценти се забележа на западноевропските пазари, додека на целиот европски пазар јануарската продажба достигна 121.000 возила. Поголем е минусот во регионите на Централна и Источна Европа, со 6,3 проценти, првенствено поради слабиот руски пазар. На домашен терен, Volkswagen продаде 40.000 автомобили или 0,4% повеќе во споредба со ланскиот јануари. Во Северна Америка, каде што почна нападот врз Volkswagen поради емисијата на азотни оксиди, продажбата на марката се намали за 7,6 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Електролитскиот“ Quantino доби дозвола за тестирање

„Безпилотско“ Audi за филмските ѕвезди на Берлинале