за

Половина милион возила на Jeep со дефектна пумпа за гориво

Fiat Chrysler повикува 470.000 возила во сервис заради отстранување на дефектот на пумпата за гориво. Престижниот Jeep Grand Cherokee е еден од моделите што се погодени со овој проблем.

Не престанува серијата од сервисни повици на производителите на автомобили. Откако во минатата година во сервисите беа повикани повеќе возила отколку што беа произведени, трендот продолжува со истото темпо и во 2015 година. Италијанско-американскиот концерн Fiat Chrysler веќе втор пат годинава ги повикува сопствениците на возилата во сервис заради остранување на дефект.

Овојпат станува збор за 470.000 теренски возила со потенцијален дефект на пумпата за гориво. Дефектот може да го онеспособи стартувањето на моторот или да го прекине доводот на гориво за време на возењето. Според FCA, досега не се регистрирани незгоди што се предизвикани од дефектните пумпи за гориво. Погодени се Jeep Grand Cherokee од 2011 година и Dodge Durango од 2012 и 2013 година. Најголемиот дел од проблематичните возила, односно 338.216 се регистрирани во САД, во Мексико и Канада има околу 30.000 возила, додека на останатите пазари постојат близу 100.000 возила на Fiat Chrysler со овој дефект.

FCA е основан во минатата година со спојувањето на италијанскиот концерн Fiat и американскиот автомобилски концерн Chrysler. Во почетокот на февруари, FCA повика во сервис околу 230.000 примероци од Jeep Cherokee, поради опасност од самостојно активирање на страничните воздушни перници.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Златна награда за дизајн за новиот Volkswagen Passat

Тест: Ford Mondeo 2.0 TDCi Titanium