Passat ја освои златната награда за дизајн на автомобил од асоцијацијата iF за 2015 година. Оваа награда со текот на годините прерасна во своевиден печат за квалитетен дизајн.
Меѓународно жири составено од 53 членови од 20 држави му го додели највисокото одликување во категоријата автомобили и мотоцикли на лимузинскиот Volkswagen Passat. Образложувајќи го изборот, жирито пишува: „Потребно е особено чувство за ваков класичен автомобил да се интерпретира одново. Кај ова возило особено нé одушеви консеквентноста во смисла на ‘формата ја следи функцијата’, со којашто едноставниот, но впечатлив дизајнерски говор се провлекува низ целиот концепт – како внатре, така и надвор. Во Passat, минимализмот се соединува со силни детали. Лимузината ја координира практичноста со максимална елеганција.“
Осмата генерација на Passat дебитираше во минатата година, со нови технологии и мотори и со нов експресивен дизајн. Постигнати се динамични пропорции благодарение на најмодерната конструкција, со ниска каросерија, долго меѓуоскино растојание и големи тркала. Со најновите помошни и мултимедиски системи, Passat се вбројува меѓу најиновативните модели во својата класа. Кон крајот на летото ќе стартува Passat GTE, како прв модел на Passat со хибриден погон со надворешно полнење.
Освен златото за лимузинскиот Passat, награди за дизајн од асоцијацијата iF освоија и Volkswagen Passat Variant, Golf Sportstvan и Golf R.
















