Платнер успеа повторно: 2.600 километри со 90 евра за гориво

Рекордерот во штедливо возење го заврши успешно потфатот да вози од Верона до Стокхолм за помалку од 100 евра за метан како гориво. На крајот му остана и гориво за уште 300 километри.

Поранешниот автомобилски тркач стартуваше пред една седмица од Северот на Италија во обид да постави уште еден рекорд во штедливо возење – со 100 евра за метан како гориво да извози повеќе од 2.600 километри до Стокхолм, со Skoda Citigo CNG. Во првите два дена, Австриецот мина преку Виена и Унгарија до Млада Болеслава, каде што е седиштето на Skoda. Потоа следеа Берлин и Рошток, од каде Платнер со траект премина на данската почва. Последната етапа водеше преку Јернкепинг до шведската престолнина.

„Сакам да покажам дека автомобил може да се вози штедливо и без идеални услови на возење на затворена патека за тестирање. При соодветен начин на возење, Skoda Citigo може да се вози со потрошувачка на гориво што е пониска од нормираната“, објаснува Платнер. „И тоа дури и преку Алпите. Таму каде што се вози нагоре, потоа се вози надолу, така што може да се компензира потрошувачката на гориво.“

Австриецот го извозе рекордот со сериски Citigo CNG Greentec, кој во просек троши 2,9 килограми метан на 100 километри. Единствена модификација на возилото беше запечатувањето на десетлитарскиот резервоар за бензин, за да се спречи долевање недозволено гориво на рекордерското возење.

Претходна објаваПоевтинуваат електричните автомобили во САД
Следна објаваСтудија открива: Темпоматот ја смалува будноста на возачот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here