за ,

Поевтинуваат електричните автомобили во САД

САД се најголем пазар за хибриди и возила на струја, но бројките се занемарливи и покрај субвенцијата од 7.500 долари. Во јуни се продадоа 4.100 возила на струја, што е половина процент од пазарот.

Бројките од продажбата на возилата со погон на струја во САД се далеку зад очекувањата. Производителите мораат да реагираат со тоа што најмалку го посакуваат, со поевтинување на возилата. Првиот чекор го направи Nissan со електромобилот Leaf, чија што цена се намали за 18 проценти и сега изнесува 28.800 долари, не вклучувајќи ја субвенцијата. Минатиот месец и Ford најави дека ќе го продава Focus EV по цена пониска за 4.000 долари, односно за 35.200 долари.

На General Motors не му преостана друго освен и тој да реагира со намалување на цената за Chevrolet Volt. Неговиот електромобил ќе се продава за 34.995 долари, што е далеку од цената од 41.000 долари кога моделот влезе во продажба во 2010 година. Според тоа, вклучувајќи ја субвенцијата, електричниот Ford сега е достапен за 27.700 долари, додека Chevrolet Volt чини 27.495 долари. Со ова ниво на цени веќе може да се очекува поголемо раздвижување на пазарот на возила на струја во САД, а на подолг рок и намалување на производствените трошоци како резултат од зголемената продажба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија на Bosch: Популарноста на дизелот во светски рамки

Платнер успеа повторно: 2.600 километри со 90 евра за гориво