Слично конципираните возила, како Toyota RAV4, владееја на пазарот со години, но од крајот на 2003 година во конкуренција влезе BMW со теренецот од средна класа со премиум карактер.
Како помал брат на X5, тој нуди кабина со слична големина и покрај покомпактните димензии на каросеријата, а багажникот е дури и поголем. Напредниот систем xDrive гарантира проодност и надвор од асфалтираните патишта. Со спортското подвозје, X3 се вози динамично како лимузина, единствено комфорот заостанува. Во статистиката на дефекти, теренецот покажа издржливост во целиот период на производство. Единствена слаба точка е акумулаторот.
[box type=”shadow” ]Препорака
Возилото е одлично моторизирано со дволитарскиот дизел, а шестстепениот автоматик кој се добива со доплата е одлично усогласен со моторот. Потрошувачката е во рамките на просекот. Единствен минус е релативно високата цена. Дури и како користено возило, X3 ја задржува вредноста.[/box]
Предности и недостатоци на моделот
(за BMW X3 Diesel, 2003-2010)
[tabs type=”horizontal”][tabs_head][tab_title]+[/tab_title][tab_title]-[/tab_title][/tabs_head][tab]одлична изработка интелигентен погон на сите тркала висока активна и пасивна безбедност висока издржливост висок процент на задржување на вредноста[/tab][tab]само помошно резервно тркало некомфорна амортизација неудобен пристап назад висока набавна цена[/tab][/tabs]

Ова треба да го знаетe за BMW X3
КАРОСЕРИЈА
Завршна изработка/Ракување: Пластичните рачки за отворање на вратите, евтината пластика во кокпитот и свитливата таванска облога не оставаат убедлив впечаток. Предните магленки, кои се добиваат со доплата, се поставени во браникот на место што е чувствително на кршење Влегување/Излегување: Отежнат пристап назад Пристапност до багажникот: Лица повисоки од 1,85 метар може да удрат со главата во бравата на задниот капак, кога тој е отворен Приспособливост на багажникот: Без доплата за вреќа за скии не се добива можност за сместување подолги предмети, затоа што отворот постои, но затворен е со пластичен капак.
ВНАТРЕШНОСТ · Ракување: Малку прегради напред
КОМФОР · Комфор на амортизација: Подвозјето е невообичаено тврдо за типот на возилото, што се рефлектира врз комфорот на возење на нерамен пат Комфор на седишта: Патниците на задната клупа немаат доволна потпора за бутините, затоа што е прекусо растојанието меѓу седечката површина и подот
МОТОР И ПРЕНОС · Без забелешки
ВОЗНИ СВОЈСТВА · Без забелешки
БЕЗБЕДНОСТ · Без забелешки
ПОТРОШУВАЧКА · Без забелешки
ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ · Без забелешки
Технички податоци
за BMW X3 2.0d од 2004 година
Мотор и погон
Вид на мотор/цилиндри дизел/4
Норма на издувни гасови Еuro3
Зафатнина 1995 cm3
Моќност 150 КС при 4000/min
Вртежен момент 330 Nm при 2000/min
Погон и пренос На сите тркала, 6-степен менувач
Подвозје и гуми
Големина на гуми 235/55R17Y
Сопирачки напред/назад Диск/Диск
Круг на вртење лево/десно 12,1/11,8 m
Перформанси
Крајна брзина 198 km/h
0-100 km/h 10,2 s
60-100 km/h во II/III степен 6,9 s
60-100 km/h во IV степен 8,2 s
Потрошувачка во L/100 km
Град 9,6
Пат 6,0
Автопат 9,1
Просек 8,0
Димензии и тежини
Должина/ширина/висина 4565/1853/1674 mm
Багажник 420/765 L
Празно возило/носивост 1825/440 kg
Товар на покрив 75 kg
Приколка со сопирачки 1700 kg
Резервоар 67 L
Досег 835 km
Вообичаени дефекти
[tabs type=”horizontal”][tabs_head][tab_title]Општо[/tab_title][tab_title]Мотор[/tab_title][tab_title]Општо електрика[/tab_title][tab_title]Оски[/tab_title][tab_title]Каросерија[/tab_title][/tabs_head][tab]X3 отсекогаш бил напред во статистиката на дефекти на клубот ADAC, со што се потврдува високата издржливост на теренецот на средната класа на BMW. Како слаби точки се забележани неколку случаи на кршење на пружините на задната оска и на протекување масло од погонската спрега.[/tab][tab]Дефект на турбина (2006 до 2008) – решение: Разни измени на турбополначот[/tab][tab]Испразнет акумулатор (до 2009) – решение: Разни зафати во контролата на акумулаторот и преоѓање на производи од AGM (кај модели со старт-стоп). Дефект на стартер (до 2006)[/tab][tab]Дефект на систем за контрола на притисок во гуми (2006 до 2009) – решение: Промена на софтверот[/tab][tab]Тропање од сончевиот покрив – решение: Промена на водилките[/tab][/tabs]
Сервисни повици
Август 2011 · Грешка во приклучокот на грејачот за нафта може да предизвика греењето на филтерот за нафта да работи постојано. Кај околу 35.000 возила произведени во периодот од 10/2008 до 06/2009, тоа предизвикува празнење на акумулаторот или пожар во екстремен случај. Проблематичните делови се заменија.
Септември 2008 · Поради дефектен сензор за препознавање на зафатеност на совозачкото седиште, кај возилата произведени меѓу 2004 и 2006 година не се активира совозачката воздушна перница при судир. Сензорот во седиштето се заменуваше бесплатно. Проблемот се однесуваше првенствено на возила наменети за пазарот во САД.
Февруари 2005 · Дефект на пумпата за висок притисок за нафта може да предизвика блокирање на пумпата по кус период на работа, а со тоа и гаснење на моторот. Повикани беа возила со трилитарскиот дизел од периодот меѓу 12/2004 и 01/2005. Пумпите се заменуваа.
Август 2004 · Водот под притисок од хидрауличната пумпа до управувањето може да дојде во допир со клинестиот ремен и да се оштети. Во најлош случај доаѓаше до откажување на сервоподдршката за управувањето.
ИНДЕКС НА ДЕФЕКТИ
Покажува како котира моделот во споредба со просекот од сите возила во класата.
BMW X3 одушевува со добри резултати во речиси сите конструктивни групи и во сите класи на километраќа. Проблемите со сопирачките и подвозјето се на мошне ниско ниво и кај поголемите километражи, со исклучок на неколку случаи на кршење на пружините. Други слаби точки се единствено протекувањето масло од моторот и менувачот.
— | – | О | + | ++ |
Многу слабо | Слабо | Просечно | Добро | Одлично |
Вообичаени мани
Кршење на пружините во подвозјето
Превисоки вредности на издувни гасови/Грешка во дијагностиката
Замастен мотор и менувач
Што вели статистиката за
BMW X3
Тип на возило: X83 (E83)
0-50 000 km | 50-100 000 km | 100-150 000 km | ||||
Просек во класа | BMW X3 | Просек во класа | BMW X3 | Просек во класа | BMW X3 | |
Според процент на дефекти1) | ||||||
Без значајни дефекти | 89,3 % | 90,8 % | 78,7 % | 84,7 % | 65,3 % | 77,1 % |
Со мали дефекти | 6,5 % | 4,1 % | 12,9 % | 7,0 % | 20,4 % | 11,5 % |
Со значајни дефекти | 4,2 % | 5,1 % | 8,4 % | 8,3 % | 14,3 % | 11,4 % |
Според група1) | ||||||
Подвозје, управување | 0,7 % | 0,6 % | 1,6 % | 1,2 % | 3,0 % | 2,1 % |
Мотор, екологија | 1,8 % | 0,9 % | 4,8 % | 2,8 % | 10,6 % | 6,1 % |
Каросерија, кабина | 2,1 % | 3,5 % | 5,1 % | 5,1 % | 11,2 % | 8,2 % |
Сопирачки | 3,6 % | 1,5 % | 8,7 % | 4,4 % | 15,7 % | 6,0 % |
Електрика, електроника, светла | 6,7 % | 4,7 % | 14,2 % | 7,1 % | 26,0 % | 10,6 % |
1) Покажува колкав процент од проверените возила од овој модел не покажале дефекти, имале мали дефекти или имале значајни дефекти. За споредба, во левата колона на секоја класа на километража е наведен просекот од возилата во класата.