Официјално: Honda ја има најбрзата тревокосачка во светот

Honda Mean Mower официјално е признаена во Гинисовата книга на рекорди како најбрза тревокосачка во светот, со брзина 187,60 километри на час. Тоа е 45 km/h над стариот рекорд.

Возењето за гинисовиот рекорд се одвиваше на тест патеката Идиада во Тарагона, Шпанија, а зад воланот повторно беше Пирс Ворд од магазинот Топ Гир, кој го постави и претходниот рекорд од 140 km/h пред четири години. Mean Mower го констрираше и изработи партнерот на Honda за британскиот шампионат со туристички возила Team Dynamics.

Основата е од стандардната тревокосачка Honda HF2620, со целосно нова шасија изработена од челик со висока цврстина, заради намалување на тежината, а моторот од 1.000 сантиметри кубни е преземен од Honda VTR Firestorm, додека подвозјето потекнува од врвните квадови на јапонската марка.

Услов за рекордот беше да се задржи на механизмот за косење трева. Тркачката тревокосачка, исто како и стандардниот модел, поседува два електромотора за погон на кабелот за косење трева кој врти со 4000 вртежи во минута. Mean Mower коси со брзина од 24 km/h, односно двапати побрзо од стандардниот HF2620.

c1404003H

Претходна објаваFord го зголеми производството на Fiesta на 1.850 возила на ден
Следна објаваNissan преоѓа во засилена офанзива на македонскиот пазар