за ,

Nissan преоѓа во засилена офанзива на македонскиот пазар

Од денес почнува со работа новиот салон на Nissan во Скопје, како најава за интензивирањето на присуството на јапонската марка на нашиот пазар. Паралелно пристигнува и нова генерација модели.

Новиот салон на марката Nissan се наоѓа на улица Скупи, познатата „автомобилска улица“ во Скопје и ги почитува строгите стандарди на јапонската марка. Почетокот на работата на салонот воедно означува и влез во новото поглавје во присуството на Nissan во Македонија, со ангажирање на искусниот тим од Кадис и комерцијализација на обновената моделска гама на марката. Увозникот Аутомотив Груп, во чие портфолио се наоѓаат и автомобилските марки Renault и Dacia, поставува цел Nissan да стане најпродавана азиска марка на македонскиот пазар, со учество од 4 проценти во продажбата, аналогно на успехот на марката на целиот автомобилски пазар во Европа.

IMG_9713

Моментно во понудата на Nissan влегуваат 24 модели, вклучувајќи ги популарните кросовери Qashqai и Juke, како и теренските возила од ковот на X-Trail. Токму овие три модели ќе доживеат комерцијализација на македонскиот пазар, почнувајќи уште од мај. Прв пристигнува Qashqai, во новата генерација што доживеа премиера на салонот во Женева, потоа во јуни следува почетокот на продажбата на фејслифтот на Juke, а од септември во салонот на Nissan ќе се најде и комплетно новиот X-Trail, којшто ја продолжува долгата традиција на Јапонците во сегментот на теренските возила.

Љубителите на марката со одушевување ќе ја прифатат веста за интензивирањето на присуството на Nissan на нашиот пазар. Јапонската марка негува „традиција“ да поставува нови трендови во воспоставените и во новите автомобилски сегменти, почнувајќи од Juke, преку историските Primera и Terrano, спортските GT-R и 370Z, до електричниот Leaf, кој доминира на глобалниот пазар на возила на струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Официјално: Honda ја има најбрзата тревокосачка во светот

ЕУ бара потивки автомобили