Во земјата на големите можности и тоа е можно. Со тенк од 15 тони да се прегази автомобил со соодветен надомест и да се замине среќен и задоволен.
Во гратчето Моргантон, во американската сојузна држава Џорџија, постои посебен вид на забавен парк за уживање во возењето тенк. За понапредните, со паричникот и со стресот што го имаат за ослободување од себе, на располагање стои можност со тенкот да се прегази автомобил, и тоа повеќе пати. Основиот пакет на забава и управување со тенк чини 50 долари за 20 минути, а за 499 долари може да се прегази еден од автомобилите што стојат на располагање во забавниот парк, безброј пати ако е потребно, за на крајот да се добие автомобил што е готов за претопување во железо.
Сопственикот на паркот, 38-годишниот Тод Либгрос, го разви своето хоби во плоден бизнис. Овој колекционер на стари воени машини ја претвори опсесијата во исплатлив бизнис модел. За возењето тенк не е потребно ништо повеќе од сообраќајна дозвола за управување со автомобил. Покрај четирите британски тенкови од типот FV-432 APC, Либгрос моментно оспособува уште еден руски тенк од типот T-55. Во будалестиот забавен парк може да се испроба и управување со градежни машини, меѓу другото и булдожер.