за

Налудничав Австралиец управувал автомобил со клешта место со волан

Полицијата во Австралија се соочи со чуден случај. Возачот што управувал возило со клешта место со волан удрил во друг автомобил и продолжил да бега од полицијата, но не побегнал далеку.

Австралиецот претходно имал судир во кој што меѓу другото го оштетил воланот и човекот се решил да го замени со клешта што му се нашла при рака. Поради потешкотиите со управувањето, но и поради проблемите со разумот, од дејството на наркотиците, Австралиецот удрил во возило на патот, ги продупчил предните гуми и продолжил да вози, иако полицијата веќе му била зад браникот. Подоцна се утврдило дека на налудничавиот возач веќе претходно му била одземена возачката дозвола, поради слични инциденти. Голема е веројатноста дека човекот уште долго време нема да смее да седне зад волан – или што и да му послужи како замена за тоа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ослободување од стрес – Прегазување автомобили со тенк

Тест • Kia Rio 1.2 EX