за

Оловна револуција

Литиум оловните батерии нудат решение за надминување на проблемите со досегот и цената на возилата со погон на струја.

Нова техника за батерии може да придонесе за намалување на цената и зголемување на досегот на електричните автомобили. Научниците од Институтот Фраунхофер го надминаа големиот проблем на литиум оловните батерии. Овие батерии се поевтини за производство од литиум јонските акумулатори, затоа што во нив не се користи скапиот кобалт. Место тоа се користи поевтиниот и речиси неисцрпен сулфур. Покрај тоа, при ист акумулациски капацитет, тие се помали и полесни од денешните акумулатори.

Единствената слабост досега беше кусата трајност на батериите. Тие издржуваа само 200 циклуси на полнење, што е премалку за автомобилите со погон на струја. Со примена на анода од силициум јаглерод, бројот на циклуси се зголемува на 1.400. Техниката има уште многу потенцијал за развој. Новите батерии, освен во автомобили, ќе може да се користат и во мобилните електронски уреди, а во некоја подалечна фаза од развојот и во авионите со погон на струја.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Иднината сега

Hyundai што се мести за трка со Porsche