за

Иднината сега

Малку повозрасните го помнат документарниот серијал “По 2000-тата”. Тој се прикажуваше од 1985 па се до … па до пред 2000-тата де! Тема беа технологиите што се очекуваше да заживеат веднаш по влезот на 21-виот век. Тогаш сите очекуваа дека фантастичната иднина ќе дојде на 01.01.2000 година, по што веднаш ќе почнеме летаме со нашите персонални летала, дека сите болести ќе ни ги излечат нано-роботите кои ќе “оперираат” низ нашите организми … В ред, за волја на вистината работите навистина се движат во тој правец. Можеби не толку рапидно брзо, но полека и сигурно научниците покажуваат дека дел од иднината е всушност токму сега.

Hitachi се јавува како еден од демонстраторите на утрешната технологија. Нивниот предлог се нарекува Ropits или кратенка од робот за личен, интелигентен траспортен систем (Robot for Personal Intelligent Transport System). Да, личи на робот, интелигентен е по тоа што независно се движи до зададената цел со помош на низа системи и уреди како што се GPS системот за позиционирање, жироскопите кои заедно со активната суспензија му помагаат да не се преврти, како и камери и ласери за детектирање на пречки и пешаци. Потребно е само да му се зададе целта и човек да се препушти на “ролеркоустерот”. Проектиран е за превоз на еден патник со целна група постари лица и лица со посебни потреби. За да не излезе работата од контрола брзината е лимитирана на 5.9 km/h, a тука е и џојстикот кој ја враќа контролата на возилото во сопствените раце. Заради фактот што на возилото не му треба возач за управување, Ropits може да најде примена и кај останатиот тип на транспорт како на пример испорака на пратки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

казни за телефонирање при возење

Секоја студија не е за верување

Оловна револуција