Овој мотоцикл на BMW е измислен за каскадери

На саемот за мотоцикли во бразилскиот Сао Пауло доживеа премиера концептниот мотоцикл на BMW, развиен специјално за каскадерски акробации. Четирикратниот шампион Крис Фајфер има вмешано прсти во овој Concept Stunt G 310.

На најголемиот саем за мотоцикли на јужноамериканскиот континент кој се одржува во бразилскиот Сао Пауло е претставен концептниот мотоцикл BMW Concept Stunt G 310, со едноцилиндарски мотор и со асистенција во развојот од четирикратниот светски и европски шампион Крис Фајфер.

Посебно за концептниот мотоцикл е развиен едноцилиндарски мотор, со цилиндар навален наназад и глава завртена за 180 степени. На тој начин се овозможува оптимална позиција на моторот, но и кусо меѓуоскино растојание, и покрај големата должина на задната вилушка. Дополнително, со поместувањето на вшмукувачкиот тракт нанапред и спроведувањето на издувните гасови наназад се овозможи издувниот лонец да биде поставен во вертикална положба под седиштето, меѓу моторот и задната вилушка. Во оваа положба, лонецот не му пречи на каскадерот. Друга особеност на Concept Stunt е „каскадерскиот опаш“ развиен од BMW и изработен од алуминиум. Отворот во средината, таканаречениот Seat-Hole, на каскадерот му обезбедува подршка за стопалата.

Претходна објаваБондовскиот Aston Martin DB10 ќе биде дел од уличното ауто-шоу во Лондон
Следна објаваТехнологија од играчките конзоли во развојот на нови модели во Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here