Дванаесет спрејови за чистење кокпит се најдоа на тестот на германското здружение за техничка контрола. Половината од нив покажаа задоволителни резултати. При изборот сепак треба да се внимава, затоа што некои средства можат да ги оштетат воздушните перници.
Во редовното одржување на автомобилот секако дека е неизоставно чистењето на кокпитот и останатите пластични делови во кабината. Германското здружение за техничка контрола предупредува да се внимава при изборот на средството за чистење на кокпитот. Некои средства содржат голема количина разредувачи, како терпентин, ацетон или други течности што лесно испаруваат.
Тие помагаат полесно да се отстранат нечистотиите и дамките, но во одредени ситуации можат да ја нагризаат површината на модулот на воздушните перници. Материјалот на тој начин може да стане порозен и при активирање на воздушните перници при судир постои опасност пластичните делови од арматурната табла да се откачат и да предизвикаат сериозни повреди.
Кои средства за чистење кокпит ги препорачува здружението?
На споредбеното тестирање беа избрани дванаесет средства за кокпит. Победник на тестот е Caramba Cockpit-Spray Fresh со оцена „особено се препорачува“, пред шест останати средства со истата оцена. Според редоследот на нивниот пласман, тоа се: Nigrin Cockpit-Spray, Aral Cockpit Spray, PrimAuto Cockpit, ArmorAll, Sonax Cockpit и RS 1000 Cockpit. Пет производи добија само обична „препорака“. Тоа се производите од марките biloxxi, Liqui Moly, Meguiar‘s, Aero и Audi, обично со додаток „кокпит“ или „средство за чистење ентериер“ во името.
Оценувањето се вршеше во четирите главни категории нанесување, чистење / ефикасност, подносливост и цена. Нанесувањето се оценува врз основа на комплетноста на информациите за користење што се прикажани на амбалажата, дозирањето, размачкувањето и обилноста.
Нечистотиите „се печеа“ во климатска комора од -20 до +60 степени Целсиузови
Секако дека најмногу бодови носеше тестирањето на ефикасноста на чистењето на пластичните површини во кокпитот. Шест табли за тестирање беа поставени во климатска комора, за нечистотиите на нив да се „запечат“ на температури од -20 до +60 степени Целсиусови. Средствата беа соочени со предизвикот да ги отстранат трагите од прашина, хемиско пенкало, петпроцентен раствор на сол, мешан сок од портокал со кока-кола, макијато и маст за подмачкување. Овие средства се отстрануваа соодветно на упатството за ракување со производот.
Секако дека пластичните површини не смее да се оштетат. Покрај тоа, се проверуваше дали средствата можат да предизвикаат лизгање на гумените патосници. Овие средства во никој случај не смее да се користат за чистење на гумата на педалите или на воланот, затоа што можат да предизвикаат лизгање.
Маста за подмачкување е голем предизвик за повеќето средства за кокпит
Генерално, за сите средства на тестирањето може да се даде задоволителна до одлична оцена. Најголеми проблеми предизвика маста за подмачкување, со којашто половината од средствата не успеаја да се изборат целосно. Прашината и растворот од сол, а изненадувачки и мешавината од сок од портокал со кока-кола, се отстрануваат лесно од пластиката во кабината. Сите средства се покажаа делотворни во тој поглед.
Пред купувањето средство за чистење на кокпитот, прочитајте ги советите од производителот коишто се однесуваат на пластиката што е вградена во возилото. Треба да се внимава средството да не содржи разредувачи. Средството за чистење се користи само за намената што е наведена на упатството од производителот.
Рангирање на средствата за чистење кокпит на споредбениот тест
1-6 место | Caramba
Cockpit Spray Fresh |
Nigrin Cockpit Spray | Aral
Cockpit Spray |
PrimAuto Cockpit | ArmorAll
за длабинско чистење |
Sonax
Cockpit Spray |
Пакување | Спреј | Спреј | Спреј | Пумпа | Пумпа | Спреј |
Содржина во ml | 400 | 400 | 300 | 750 | 300 | 400 |
Цена (во Германија, во евра) | 4,45 | 4,75 | 6,99 | 2,00 | 8,35 | 5,95 |
Форма | Цврста пена | Кремаста пена | течност | течност | течност | течност |
Примена | 60 | 66 | 56 | 45 | 57 | 57 |
Упатство | 8 | 8 | 8 | 6 | 7 | 9 |
Дозирање | 12 | 20 | 12 | 5 | 16 | 8 |
Размачкување | 16 | 16 | 12 | 12 | 12 | 16 |
Обилност | 16 | 16 | 16 | 12 | 12 | 16 |
Миризба | 8 | 6 | 8 | 10 | 10 | 8 |
Чистење / Ефикасност | 267 | 259 | 280 | 257 | 272 | 251 |
Отстранување нечистотија | 112 | 104 | 120 | 112 | 112 | 96 |
Отсуство на траги | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
Избледување | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
Сјајност | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 |
Антистатско дејство | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
УВ-заштита | 25 | 25 | 30 | 25 | 30 | 25 |
Лизгање | 20 | 20 | 20 | 10 | 20 | 20 |
Цена | 41 | 41 | 29 | 5 | 25 | 38 |
Крајна оцена | 428 | 417 | 416 | 412 | 411 | 403 |
Рангирање на средствата за чистење кокпит на споредбениот тест (продолжение, 7-12 место)
7-12 место | RS 1000
Cockpit |
biloxxi
Cockpit |
Liqui Moly
Cockpit |
Meguiar’s
Detailer |
Aero
Cleaner |
Audi
Cockpit |
Пакување | Спреј | Спреј | Спреј | Пумпа | Пумпа | Спреј |
Содржина во ml | 400 | 300 | 300 | 475 | 473 | 300 |
Цена (во Германија, во евра) | 4,79 | 2,60 | 4,45 | 11,29 | 23,99 | 8,75 |
Форма | Течност | Течност | Течност | Течност | Течност | Течност |
Примена | 51 | 54 | 57 | 42 | 48 | 57 |
Упатство | 9 | 10 | 9 | 7 | 6 | 9 |
Дозирање | 12 | 12 | 12 | 5 | 8 | 12 |
Размачкување | 12 | 12 | 12 | 12 | 16 | 12 |
Обилност | 16 | 16 | 16 | 12 | 12 | 16 |
Миризба | 2 | 4 | 8 | 6 | 6 | 8 |
Чистење / Ефикасност | 264 | 250 | 247 | 262 | 280 | 255 |
Отстранување нечистотија | 104 | 100 | 104 | 112 | 100 | 100 |
Отсуство на траги | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
Избледување | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
Сјајност | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 |
Антистатско дејство | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 | 30 |
УВ-заштита | 30 | 30 | 23 | 30 | 30 | 25 |
Лизгање | 20 | 10 | 10 | 10 | 40 | 20 |
Цена | 41 | 44 | 38 | 29 | 2 | 23 |
Крајна оцена | 401 | 399 | 396 | 393 | 390 | 383 |