Автомобилот ја губи вредноста уште откако ќе излезе од салон. Но, секој модел не губи исто од вредноста. Некои вредат повеќе по неколку години, некои многу помалку. Ова се автомобилите во кои вреди да се вложува.
Кој е најголемиот трошок поврзан со автомобилите, по купувањето? Потрошувачката на гориво, секако! Повеќето сопственици на возила сметаат така, но не се во право. Најголемиот трошок околу автомобилите е амортизацијата, односно губењето на вредноста со текот на годините. Некои автомобили вредат повеќе од другите кога сопственикот ќе реши да ги продаде, иако куповната цена им била приближно иста.
Консултантската куќа БФ Форкастс редовно ги објавува процените на вредноста на возилата во 14 класи. Возилата се оценуваат според два критериума: Оние што ќе задржат најмногу од вредноста во проценти по четири години и оние губат најмалку од вредноста во евра. Постојат модели кои задржуваат најмногу од вредноста според обата критериума, односно и во проценти и во евра, на пример Mercedes ML 250 CDI или Mazda 6.
Класа на мини возила
Најмалечките возила во овие прогнози се домен на Volkswagen. Без разлика дали амортизацијата се одредува во проценти или во евра, моделите на Volkswagen секогаш се на врвот. Единствен исклучок е Opel Adam, на третото место според амортизацијата во проценти.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Skoda Citigo Easy, 1.0, 3 врати | 8890 | 55,5 | 3.956 |
2 | VW up!, take up, 1.0 | 9975 | 55,0 | 4.489 |
3 | Opel Adam, 1.2 | 11500 | 53,5 | 5.438 |
Најниска загуба во евра

Класа на градски возила
Во поглед на противвредноста, никој не може да ја победи Dacia. Затоа не е изненадување тоа што Франко-Романците се како претплатени за највисоките места во оваа статистика. Со процентуалната вредност, Dacia е меѓу стилската икона Mini и трендовскиот Audi A1. Во поглед на амортизацијата во евра, Sandero е неприкосновено прв, пред Ford Fiesta и Peugeot 208.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Mini One | 15700 | 56,0 | 6.908 |
2 | Dacia Sandero Essential, 1.2 16V | 6990 | 54,0 | 3.215 |
3 | Audi A1 Sportback Attraction 1.2 TFSI | 17400 | 53,0 | 8.178 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Dacia Sandero Essential 1.2 16V | 6990 | 54,0 | 3.215 |
2 | Ford Fiesta Ambiente 1.25 | 10950 | 49,0 | 5.585 |
3 | Peugeot 208 Access 68 VTi | 11700 | 52,0 | 5.616 |
Класа на компактни возила
Новиот Logan изгледа неспоредливо подобро од претходникот, но од него наследи нешто многу повредно. Лимузината на Dacia има најмала загуба од вредноста во евра. Kia Ceed е веднаш зад Романците, а на третото место е Seat Leon 1.2 TSI. Според проценти, најмала загуба бележат моделите кои играат во сосема друга лига. Mercedes CLA 180 по четири години задржува 57 проценти од вредноста на ново, по него се Volkswagen Golf 1.2 TSI Trendline и Mercedes A 180 BE.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Mercedes CLA 180 | 28977 | 57,0 | 12.460 |
2 | VW Golf Trendline 1.2 TSI | 16975 | 55,0 | 7.639 |
3 | Mercedes A 180 BE | 24812 | 54,5 | 11.289 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | DaciaLogan 1.6 MPI | 7990 | 48,5 | 4.115 |
2 | Kia Ceed 1.4 | 12990 | 48,0 | 6.755 |
3 | Seat Leon 1.2 TSI | 15.390 | 52,0 | 7.387 |
Средна класа
Првото место во средната класа му припаѓа на моделот на Hyundai, кој задржува 45 проценти од вредноста на ново по четири години. Веднаш зад него е Mazda 6, а со мал заостаток на третото место е Peugeot 508. Вредноста на јапонската лимузина се потврдува со тоа што е еден од ретките модели кои се пласирани меѓу најдобрите во двете категории, односно според проценти и според вредноста во евра. Поскапата, но и поатрактивна серија 3 на BMW е на првото место, додека Audi A4 е на третото место, зад Mazda.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | BMW 316d | 30900 | 52,0 | 14.832 |
2 | Mazda 6 2.2 D | 28490 | 51,0 | 13.960 |
3 | Audi A4 1.8 TFSI | 27750 | 50,0 | 13.875 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Hyundai i40 1.6 | 21950 | 45,0 | 12073 |
2 | Mazda 6 2.0 G | 24990 | 50,5 | 12370 |
3 | Peugeot 508 120 VTi | 24200 | 44,2 | 13501 |
Виша средна класа
Повисоките класи им припаѓаат на германските производители. Имиџот на премиум марките им овозможува да задржат повисок процент од вредноста на ново, но од друга страна тие се во понеповолна позиција поради повисоките цени и поради повисоката загуба во евра. Без разлика, првите три места, во процентуалната амортизација, им припаѓаат на премиум марките.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Mercedes CLS 350 CDI | 65629 | 54,5 | 29.861 |
2 | Audi A6 2.0 TDI | 39200 | 50,0 | 19.600 |
3 | Mercedes E 250 CDI | 46321 | 49,0 | 23.624 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | VW CC 1.8 TSI | 32200 | 45,5 | 17.549 |
2 | Audi A6 2.0 TFSI | 36800 | 49,5 | 18.584 |
3 | Volvo V70 D2 | 33800 | 43,5 | 19.097 |
Луксузни возила
Најмала загуба во евра постигнува Audi A8 – релативно најмала, затоа што во секој случај се работи за 40.000 евра. Истите три возила за прв пат се појавуваат на првите места во поглед на задржувањето на вредноста во проценти и висината на губитокот во евра.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Porsche Panamera Diesel | 81490 | 47,5 | 42782 |
2 | Audi A8 3.0 TDI | 70000 | 43,5 | 39550 |
3 | BMW 730d | 74900 | 42,0 | 43442 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Audi A8 3.0 TDI | 70000 | 43,5 | 39550 |
2 | Porsche Panamera Diesel | 81490 | 47,5 | 42782 |
3 | BMW 730d | 74900 | 42,0 | 43442 |
Компактни теренци
Каде и да се појави марката Dacia, неа ѝ припаѓа првото место во задржувањето на вредноста во евра. Duster е без конкуренција најисплатлива инвестиција во класата на компактните теренци, со предност од 3.000 евра пред второпласираната Mazda CX-5. На третото место се појавува марката Toyota. При одредувањето на вредноста во проценти, моделите од премиум марките секогаш се во предност. Тука победува Mini Countrymen, пред Range Rover Evoque и BMW X3.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Mini Countryman Cooper D | 26050 | 56,5 | 11332 |
2 | Range Rover Evoque 2.2 eD4 | 33400 | 56,0 | 11696 |
3 | BMW X3 xDrive 20d | 39900 | 56,0 | 17556 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Dacia Duster 1.6 4×4 | 15490 | 52,0 | 7423 |
2 | Mazda CX-5 G 2.0 AWD | 23890 | 54,0 | 10963 |
3 | Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D 4×4 | 21250 | 48,0 | 10971 |
Теренски возила
Изненадувачки е тоа што на третото место се пласира возило кое што има губиток на вредноста во евра исто колку добро моторизиран компакт – станува збор за Mercedes ML 250. И покрај тоа, спортскиот теренец на Mercedes е мошне блиску до значително поевтините модели кои се пласираа на првото и второто место, Mitsubishi Pajero и Hyundai Santa Fe. Дотолку повеќе не изненадува тоа што во поглед на задржувањето на вредноста во проценти, ML победува пред Porsche Cayenne и BMW X5. Голем успех е третото место на BMW, ако се има во предвид дека наскоро пристигнува новиот X5. Тоа им успева само на најпопуларните модели.
Најголемо задржување на вредноста во проценти
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Mercedes ML 250 4Matic | 55990 | 54,5 | 25475 |
2 | Porsche Cayenne Diesel | 62928 | 51,0 | 30835 |
3 | BMW X5 xDrive 30d | 55300 | 48,0 | 28756 |
Најниска загуба во евра
Марка и модел | Цена на ново | Преостаната вредност во % | Преостаната вредност во евра | |
1 | Hyundai Santa Fe 2.4 2WD | 29990 | 47,5 | 15745 |
2 | Mitsubishi Pajero 3.2 DI-D | 31990 | 46,5 | 17115 |
3 | Mercedes ML 250 BT 4Matic | 55990 | 54,5 | 25537 |