Нуриа Пелисе го минува работното секојдневие во Seat анализирајќи ги сите звуци што ги произведува автомобилот, за патниците да се чувствуваат пријатно во кабината.
За секој звук што го произведуваат моделите на Seat, одговорна е Нуриа Пелисе, инженер во одделението за акустика на шпанската марка. Нејзиното осумчасовно секојдневие на работното место минува во слушање и анализа на звуците во возилото, почнувајќи од затворањето на вратата и работата на моторот, до звукот на трепкачите или на движењето на бришачите по ветробранот. Според госпоѓа Пелисе, „вистинскиот звук не смее да биде прегласен или да се издвојува од останатите. Фреквенцијата исто така не смее да биде премногу ниска или висока“. Целиот овој труд на тимот кој го раководи Шпанката има за цел да обезбеди пријатно чувство на патниците во кабината.

Одделението за акустика е задолжено за студирање на звуците што ги слушаат возачот и патниците додека се во возилото. Сите забелешки на диригентите на симфонијата на Seat влегуваат во развојот на возилото, уште од самиот почеток на тестирањето на новите модели. Пелисе посочува дека звукот при затворањето на вратата е особено важен, затоа што е меѓу првите впечатоци кои возачот ги доќивува по седнувањето во возилото. Според неа, звукот треба да биде „мек удар што уверува во квалитетот“ и мора да оддава впечаток на „добро прилегнување“.
Во одделението за акустика се работи исто како во музичко студио
Процената на акустиката во најголем дел се заснова на субјективните впечатоци. Но, од друга страна, сите мерења се вршат на тест-кукла опремена со два микрофона и еквилизација што го симулира човечкото уво за стандардизирани снимања. Откако ќе се снимат различните звуци, специјалистите ги анализираат најразличните варијации на звукот во акустична соба со врвна техничка опрема, за на крајот да го изберат звукот што оддава најуверлив впечаток за квалитет.
На прашањето дали постои препознатлив звук на Seat, Нуриа посочува дека тоа е звукот што го оддава динамичниот карактер на марката и кој најверно го оддаваат моделите Cupra, со специјалниот спортски звук на издувот. Работата на тимот на Нуриа работи на подобрувањето на звучната изолација и комфорот на секој модел на Seat: „Во споредба со претходната генерација, кај Leon се применети цела низа дополнителни мерки со коишто се постигнува впечаток дека моторот е поместен подалеку од возачот.“
Како изгледа работното секојдневие во одделението за акустика на Seat, погледнете го видеото:
















