Нов малечок теренец од Кореја: SsangYong Tivoli

Специјалистот за спортски теренци SsangYong го пополнува долниот крај на моделската понуда. Tivoli пристига на европскиот пазар в година, конкурентите се Nissan Juke и Opel Mokka.

Корејскиот производител SsangYong ја дополнува својата палета на модели со малечок спортски теренец. Моделот наречен според италијанскиот град Тиволи ќе пристигне на европскиот пазар во втората половина од 2015 година и како досега најмалечок модел на корејската марка ќе им се спротивставува на Suzuki Vitara, Nissan Juke и Opel Mokka. Деталите околу цената и техниката уште не се соопштуваат. Tivoli произлезе од концептниот автомобил X100. Бензинскиот и дизелскиот мотор ќе имаат иста работна зафатнина од 1,6 литар.

Изгледот на Tivoli се раководи според поголемиот брат Korando. Компактниот спортски теренец, којшто во претходните неколку генерации постојано добиваше критики околу изгледот што отстапуваше од европската смисла за естетика, во актуелната генерација конечно доби впечатлив изглед и во добро опремена верзија чини околу 25.000 евра. Оттука може да се очекува дека цената на Tivoli ќе биде под 20.000 евра.

Tivoli ќе биде петтиот модел на SsangYong во европската понуда. Покрај него и Korando, Корејците ги нудат уште ванот со седум седишта Rodius, теренецот Rexton W, како и пикапот Actyon Sports.

Претходна објаваFiat 500X поаѓа на европска тура со волшебникот Динамо
Следна објаваCitroen ги расчистува салоните: Остануваат само 7 модели во понудата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here