за

Fiat 500X поаѓа на европска тура со волшебникот Динамо

Италијанците ќе соработуваат со светски познатиот волшебник Динамо во промоцијата на новиот кросовер 500X. Секако дека волшебствата нема да отсуствуваат.

Fiat ќе соработува со светски познатиот волшебник Динамо во промоцијата на новиот кросовер 500X. Британскиот волшебник, чиешто ТВ-шоу го имаат видено преку 250 милиони гледачи во 180 земји прерасна во глобална икона со 4,9 милиони фанови на фејсбук и 2,3 милиони следбеници на твитер. Меѓу најголемите спектакли на Динамо се одењето по реката Темза, предвидувањето на победникот во Светскиот Куп и лебдењето над највисоката зграда во Европа.

Динамо ќе има носечко место во европската тура „Моќта на Х“, во којашто се предвидува Fiat 500X да се појави на централните плоштади во 74 градови во Европа, како и 602 ексклузивни премиери во салоните на Fiat. Гостите на турата „Моќта на Х“ ќе уживаат во првото волшебно доживување на виртуелната реалност, во кое што учествува и Framestore – британското студио за специјални ефекти и двократен добитник на Оскар. За двеминутниот филм беа потребни 184 години компјутерско рендерирање со цел да се постигне исклучително верно доживување во 360 степени, во 4хHD резолуција (4096×2048 пиксели) и брзина на слика од 60 рамки во секунда, што е двојно повеќе отколку кај стандардните 3D видеа.

https://www.youtube.com/watch?v=EOF1JGRqKEs

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пародија на Гимканата на Кен Блок – Втор дел! (Видео)

Нов малечок теренец од Кореја: SsangYong Tivoli