за

Ново име и нов концепт за BMW M3

Прекршувањето на традицијата стана традиција во BMW. Тоа го погоди и M3. Во иднина тој ќе се вика поинаку и ќе звучи поинаку. Новакот се води како концепт, но тоа е само порака до вљубениците во моделот да се стрпат уште малку.

Со претставувањето на Concept M4 Coupe на натпреварот во убавина „Конкурс д’Елеганс“ во Пебл Бич, BMW ја најави новата генерација на најспортскиот модел од серијата 3, на легендарниот BMW M3. Откако Баварците почнаа да ги водат купеата и кабриолетите од нивниот модел од средната класа како серија 4, мор соодветно да се преименува и M3.

Тоа не е единственото отстапување од традицијата. Место со осумцилиндарскиот атмосферски мотор на последниот M3, наследникот M4 ќе вози со трилитарски шестцилиндарец со турбонатполнење и 450 КС. Со бројот на цилиндрите марката се враќа на претходните генерации E36 и E46, но таму работеа атмосферски мотори што се вртеа брзо.

Тоа што му недостига во однос на 507-те коњски сили на Mercedes C 63 AMG, M4 ќе го надомести преку пониската тежина. Меѓу мерите за намалување на тежината е покривот од карбон, кого претходникот го поседуваше само во верзиите GTR. Покрај купе повторно ќе се нуди и кабриолет изведба од најсилната „тројка“. Лимузински модел нема да се нуди, но затоа се размислува за верзија M од планираното Gran Coupe од серијата 4.

Цените уште не се објавени, но може да се очекува дека со преоѓањето од три на четири, соодветно ќе пораснат и цените на разните каросериски изведби на М4.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Овој Bugatti ќе се произведе во само три примероци

Новиот Civic Type R се тестира на Нирбургринг