Новото автомобилско шоу на оригиналната постава на Топ Гир постигнува огромен успех меѓу публиката. Гранд Тур има милионски број прегледи од страна на претплатниците на Амазон Прајм, но гледаноста на шоуто е подеднакво висока и по илегалните канали.
Според аналитичарите, првата епизода од новата серија на Кларксон, Хамонд и Меј е преземана по илегален пат околу 7,9 милион пати, втората епизода 6,4 милион пати, третата 4,6 милион пати. Тоа е повеќе од досегашниот рекордер „Игра на троновите“. Најголем удел во илегалните преземања имаат пиратските канали за телевизиски серии од Велика Британија, со близу 14 проценти.
Доколку овие бројки се блиску до реалноста и се пресметаат во загуба поради неостварените продажби на пакети за гледање на шоуто, илегалните прегледи на Гранд Тур скусиле 3,8 милиони евра од потенцијалната заработка на Амазон Прајм. Овие пресметки се само шпекулативни и најмногу одат во прилог на производителите на софтвер за заштита од пиратерија и на консултантските компании, но сосема е извесно дека Гранд Тоур предизвикува огромен интерес по нелегалните канали.
Базата на претплатници на Амазон годинава се зголеми за дури 19 милиони нови корисници, така што вкупната публика сега брои 63 милиони гледачи низ светот. Амазон вложи околу 160 милиони долари за продуцирањето на новото шоу на оригиналната постава од Топ Гир, легендарното трио Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј.