Новиот Volkswagen Touareg се појави на скиците за патентирање

Третата генерација на Volkswagen Touareg пристига следната пролет, на платформа од Audi Q7, олеснет неколку стотини килограми и со простор за трет ред седишта. На скиците коишто Volkswagen ги поднесе за патентирање на изгледот се забележува голема сличност со концептот T-Prime GTE.

Во Volkswagen се работи под полна пареа во сегментот на теренците. Од новата генерација на Polo ќе биде изведен кросовер, за пазарот во САД се подготвува петметарскиот Atlas, а на едно скалило под него е новиот Touareg. Волфсбург штотуку го патентираше дизајнот на Touareg.

vwtouaregiii 1

На скиците се гледа јасно дека новата генерација на овој модел точно го следи изгледот на концептот T-Prime GTE, когошто Volkswagen го прикажа во април, на салонот во Кина. Третата генерација на теренецот наречен според сахарските номади ја користи истата платформа MLB Evo како Audi Q7 и Bentley Bentayga. Со преоѓањето на новата платформа, Touareg ќе изгуби неколку стотини килограми, но и натаму ќе тежи над два тона. Може да се очекува пораст во должината на каросеријата, по пример на студијата од Пекинг, со што ќе се отвори простор и за трет ред седишта.

vwtouaregiii 3

Понудата од погонски единици ќе ја сочинуваат трилитарски дизел V6 со 270 КС и исто така трилитарски бензинец со 340 КС. Хибридната верзија, којашто се нуди и во актуелниот модел, во иднина ќе комбинира дволитарски турбо-бензинец со 252 КС и електромотор со 136 КС, што заедно ќе произведува системска моќност од 381 КС – исто како во концептот T-Prime GTE. Досегот на струја ќе изнесува 50 километри. Мотори V8 веројатно нема да се вградуваат.

Премиерата на новиот Volkswagen Touareg ќе се одржи на салонот во Пекинг, во април 2017 година.

Претходна објаваСекој четврти автомобил се произведува во Кина
Следна објаваКалендар на Mercedes со автомобили што не се автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here