Новиот Renault Espace стартува од 34.200 евра во Франција

5. RENAULT ESPACE/GRAND ESPACE, продадени примероци 6,664 (+61.0%)

Трансформацијата од ван во кросовер донесе интересни промени и во цените на Espace. Продажбата стартува напролет, веќе основниот модел нуди импресивна опременост.

Renault ги објави цените за новата генерација на Espace, когошто францускиот производител го промени буквално од корен, вклучувајќи го и концептот на возилото – од повеќедецениски предводник во сегментот на ванови, Espace еволуираше во кросовер. Како што беше најавено уште на салонот во Париз, продажбата на домашниот пазар стартува напролет, со четирите нивоа на опрема: Life, Zen, Intens and Initiale Paris.

Драстичното намалување на тежината на возилото овозможи во Espace да се користат помали мотори за постигнување на потребната динамика. Понудата од погонски единици ја сочинуваат три мотори: Energy dCi 130 со мануелен менувач, Energy dCi 160 со шестстепен автоматски менувач и Energy TCe 200 со седумстепен менувач. Најевтин модел е Life Energy dCi 130 со 34.200 евра, а ценовникот завршува со Initiale Paris Energy dCi 160 EDC6 со цена од 46.300 евра. Седумте седишта се стандард во сите модели.

Впечатливо е нивото на опременост уште во основната изведба Life: Диодни светла, алу-бандажи од 18 инчи, панорамски покрив, соборување и исправување на седиштата на копче, мултимедиски систем R-Link2 со пристап на интернет и дисплеј од 8,7 инчи, како и паркинг сензори околу целото возило.

Второто ниво Zen дополнително доаѓа со систем Multi-Sense, којшто на возачот му овозможува да избира една од петте програми на работа на менувачот, управувањето и моторот (комфорна, спортска, штедлива, стандардна, персонална). Доколку возилото е дополнително опремено со активно подвозје 4Control (стандардно во највисокото ниво Initiale Paris, системот Multi-Sense влијае и врз работата на амортизерите и управувањето на сите четири тркала.

Во третото ниво Intens може да се ужива во моторизирано ракување со капакот на багажникот, автоматско паркирање, проекциски дисплеј, радарски темпомат и кожени седишта. Врвот е резервиран за ексклузивното ниво Initiale Paris, коешто е препознатливо по специјалните алу-бандажи од 19 инчи и црната боја со металик ефект што е резервирана само за ова ниво. Во ентериерот следува кожа на седиштата со врвен квалитет, електрично местење и греење на предните седишта, вклучувајќи масажа, озвучување Bose со 12 звучници, како и систем 4Control Pack.

Цени на новиот Renault Espace (во Франција)

LIFE Energy dCi 130 34,200 евра
ZEN Energy dCi 160 39,200 евра
ZEN Energy TCe 200 37,700 евра
INTENS Energy dCi 160 42,300 евра
INTENS Energy TCe 200 40,800 евра
I. PARIS Energy dCi 160 46,300 евра
I. PARIS Energy TCe 200 44,800 евра

Претходна објаваНе може секој да вози BMW M4 (видео)
Следна објаваКилометарски цртеж во песок за збогување со Land Rover Defender

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here