Марката со четирите прстени ќе го претстави новиот Q7 на салонот во Париз идната есен, а продажбата ќе стартува на почетокот на 2015 година. Папараците веќе ги уловија прототипите.
Иако пробните примероци од идниот Q7 возат под дебела маскирна униформа, неколку детали од моделот веќе се воочуваат. Предните светла се потенки, додека маската повеќе доминира на носот на возилото и му дава поагресивен изглед на Q7. Задните светла го следат стилот на предните светла, страничните прозорци се повисоки, а горниот раб на прозорците, исто како кај актуелниот модел се спушта кон опашот. За страничната силуета да изгледа подинамично, задните прозорци се помали и оставаат простор за задниот столб да биде подоминантен.
Со примена на лесни материјали, како карбон и алуминиум, тежината на идниот знаменосец на теренската понуда на Audi ќе изгуби околу 300 килограми од намали од сегашните 2,3 тони. Од новиот Audi A8 ќе се преземат матричните светла, исто како и неговите иновативни системи за асистенција при возењето.
Под хаубата не се очекуваат големи промени. Топ моделот ќе има четирилитарски мотор TFSI со битурбо натполнење и 435 КС, а едно скалило под него ќе биде трилитарскиот V6 со 310 КС. Дизелската понуда ќе ја сочинуваат 4.2 TDI со 385 КС и трилитарски TDI со 258 КС. Моделот со хибриден погон со надворешно полнење на батериите ќе ја заокружи понудата.