Нова понуда за популарниот модел: Спортски пакет за Mazda3

Ако новиот дизајн на Mazda некому се чини дека е недоволно спортски, дилерствата на марката имаат решение. Спортскиот пакет ја нагласува динамиката на Mazda3 и отвора простор за игра.

Пакетот каросериски додатоци е подготвен е за монтажа и лакиран е во црна боја заради спортски контраст со каросерискиот лак на Mazda3. Предниот спојлер прави компактот на Mazda да изгледа поагресивно и го заокружува спортскиот настап во комбинација во страничните прагови. Назад е вообичаениот спојлер, во продолжение на покривот кај комбилимузинскиот модел, односно на работ на задниот капак кај лимузината со четири врати. Како завршница доаѓа црна облога на задниот браник, заедно со спортски издувни цевки.

Крајниот акцент го ставаат алуминиумските бандажи од 18 инчи, кои по избор на купувачот може да бидат брунирани во сива или темна боја, заедно со комплет спортски пружини со коишто подвозјето се спушта за триесетина милиметри.

Цените од спортскиот пакет:
(цени за германскиот пазар, без монтажа)

  • Преден спојлер 390 евра
  • Прагови 395 евра
  • Заден спојлер 390 евра
  • Облога на заден браник и спортски издувни цевки 499 евра
  • Алу-бандажи од 18 инчи 185 евра по бандаж, без гума
  • Спортски пружини 203 евра

Mazda3-Zubehoer_Sport13_de_jpg72

Претходна објаваБританска гасна компанија купи 100 електрични возила од Nissan
Следна објаваМафијашкиот Citroen одбележува 80-годишнина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here