Новата Mazda CX-5 пристига следното лето

Mazda ја претстави новата генерација на CX-5 на салонот во Лос Анџелес. Компактниот теренец со изгледот се приближува кон помалиот и подинамично скроен CX-5. Новитет во подвозјето е G-Vectoring Control, техника којашто овозможува задржување на комфорот и при подинамично возење.

Новата генерација на Mazda CX-5 доживува премиера на салонот во Лос Анџелес, којшто се одржува од 18-ти до 27-ми ноември. Силуетата на каросеријата ја следи формата на претходникот, но дизајнот е подинамичен и ги применува елементите од помалиот теренец CX-3. По пример на знаменосецот Mazda 6, компактниот теренец го доби специјалитетот на јапонската марка во подвозјето, системот G-Vectoring Control. Со овој систем се намалува страничното наведнување на каросеријата во свијоци, со што се подобрува возниот комфор, но профитираат и возните својства.

Mazda CX-5

Освежувањата во опремата опфаќаат проекциски дисплеј во боја, којшто во зависност од нивото на опрема на моделот ги прикажува информациите директно на ветробранот или на проѕирна плочка од плексиглас, како и радарски темпомат кој самостојно го забрзува и запира возилото при возење во застој. Задниот капак доби поддршка од електромотор.

Mazda CX-5

Особено внимание при развојот е посветено на намалувањето на бучавата, пред сé во однос на звуците што се пренесуваат од подвозјето, како и од струењето на воздухот. Нивото на бучава во кабината при брзина од 100 километри на час е намалено за десет проценти, односно за 1,3 децибел.

Новата Mazda CX-5 ќе стартува со продажба во февруари, прво на јапонскиот пазар, додека европските дилери ќе ги добијат првите примероци во почетокот на јуни следната година. Понудата од погонски единици опфаќа два бензински мотори, со зафатнина од два и 2,5 литри, како и дизел од 2,2 литри, во варијанта со погон напред или на сите тркала.

[FAG id=26321]

Претходна објаваBMW 740Le ги пречекува важните гости на аеродромот во Минхен
Следна објаваТеренецот на Alfa Romeo што има исто име со мотоцикл на Moto Guzzi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here