за

Теренецот на Alfa Romeo што има исто име со мотоцикл на Moto Guzzi

Очигледно е дека без теренци повеќе не се може во автомобилскиот свет. Alfa Romeo на салонот во Лос Анџелес го претстави својот прв теренец Stelvio. Мотоциклистите не грешат ако ова име им се чини познато. Stelvio е името на еден модел од актуелната понуда на Moto Guzzi.

Исто како кај Guilia, новиот модел прво се појавува во најсилната изведба. Битурбо моторот V6 од 2,9 литри ослободува 510 КС во Stelvio Quadrifoglio и се базира врз технологија на Ferrari. Веќе е потврдена и верзија со дволитарски турбо-бензинец со 280 КС, а сосема е извесно дека понатаму ќе следат и послаби бензинци, како и дизел мотори.

alfa romeo stelvio 00003

Теренецот на Италијанците е наречен според алпскиот превој Стелвио, кој со 2.727 метри е највисок асфалтиран превој на Источните Алпи и втор највисок алпски превој, по Кол де ла Бонет. Шоуто „Топ Гир“ го прогласи Стелвио за најдобар пат за возење во светот.

Каросериската школка во најголемиот дел е изработена од алуминиум

Што се однесува на „миланскиот“ Stelvio, каросеријата му е долга 4,68 метри и висока 1,65 метар. Преносот на сила се врши преку осумстепен автоматик од ZF. Како една од првите марки што воведе избор од програми за возење, преку фамозниот DNA од Mito, нормално е дека Alfa ја нуди можноста за избор и во Stelvio: На располагање стојат динамична, нормална, тркачка и економична програма.

Стандардниот погон на сите тркала располага и со електронски регулиран диференцијал на задната оска. За намалување на тежината, хаубата, задниот капак, крилата и вратите се изработени од алуминиум.

[FAG id=26342]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Mazda CX-5 пристига следното лето

Volkswagen склучува пакт: Волфсбург не го препушта лидерството без борба