за

Новата Honda Accord стартуваше со продажба во Јапонија

Брзата јапонска марка ја претстави новата генерација на моделот од средната класа на домашниот пазар. Први со продажба стартуваат двете хибридни изведби на Accord.

Honda се збогуваше со хибридниот погон IMA, сега е ред на i-MMD, еден од неколкуте решенија на хибриден погон што инженерите на марката ги развија за различните модели од понудата. Дебито на погонот е во новата генерација на Accord, кој се нуди како класичен хибрид и како хибрид со можност за полнење на батериите со приклучување во струја. Класичниот хибриден модел постигнува примерна потрошувачка од 3,3 литри на сто километри, додека понапредниот Accord Plug-In Hybrid успева да ја измине истата километража со само 1,4 литар гориво – тој ги совладува првите 37,6 километри само со енергијата во батериите, а потоа се повикува на помош бензинскот мотор.

honda accord 10

[one_half]honda accord 7[/one_half]
[one_half_last]honda accord 6[/one_half_last]

Слично како Hybrid Synergy Mode на Toyota, новиот систем на Honda користи три различни стратегии на распределба на задачите на двете погонски срца. При поаѓање и крстосување со постојана брзина, Accord Hybrid вози со енергијата во батериите, при забрзување се активира и бензинецот, кој во тој случај работи само како генератор на струја односно испорачува струја за електромоторот, додека при возење по автопат работи само бензинецот. Со автоматско префрлување од еден во друг модус, Accord Hybrid постигнува потрошувачка од 3,3 литри бензин на сто километри.

honda accord 14
[one_half]honda accord 12[/one_half]
[one_half_last]honda accord 11[/one_half_last]

Кај втората хибридна изведба на Accord се користат литиум јонски батерии кои испорачуваат енергија за околу 40 километри, односно повеќе отколку што просечниот возач минува со возилото во текот на еден ден. Тоа значи дека возачот секојдневно ќе го користи возилото на струја, а ќе го приклучува за полнење само преку моќ или за работното време. Откако ќе се истрошат батериите, Plug-In Hybrid ја постигнува истата ефикасност како класичниот хибрид, односно троши 3,3 литри гориво на сто километри.

Honda очекува месечно да продава по 1.000 примероци од Accord Hybrid и Accord Plug-in Hybrid во Јапонија

Бензинското срце на хибридниот погон Sport Hybrid i-MMD го претстставува дволитарски мотор од новата генерација кој работи според принципот Еткинсон, односно со висок степен на експанзија, и секако, со задолжителната технологија i-VTEC на Honda. Во погонската комбинација влегуваат уште безстепен менувач, спојка што директно е споена на бензинскиот мото и литиум јонска батерија.

honda accord 1

Останатите детали за новиот модел се релативно скромни. Honda наведува дека новиот Accord има повеќе простор во кабината, врвна оптимизација на аеродинамиката на каросеријата, олеснети компоненти од подвозјето и каросеријата во компензација за дополнителниот товар од батериите, како и систем за сопирање со електрично серво кој што претвора поголем степен на кинетичка енергија во струја при забавувањето.

honda accord 16

Accord доаѓа и со нов систем за спречување судир CMBS, кој што за разлика од претходниот систем што реагираше само над 15 километри на час, сега функционира веќе од 5 километри на час. Дополнително, новиот CMBS ја регистрира брзината на возилото напред и соодветно ги активира сопирачките.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar xs auto express

Jaguar подготвува конкурент за серијата 3 на BMW

Теренецот нa Bentley доаѓа во 2016 година