за

На јапонскиот премиер автомобилот му е шофер

Револуционерниот автомобил на Nissan што вози самостојно прв пат се појави во јавен сообраќај со премиерот Шинзо Абе зад воланот. Тоа што автомобилот вози и на струја е веќе обична вест.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе ја гради иднината на автомобилите. Тој прв седна зад воланот на електричниот Nissan Leaf што вози самостојно, во првото јавно појавување на возилото. Јапонската влада го подржува развојот на автомобилите што возат самостојно и смета дека во нив лежи голем потенцијал за понатамошниот економски развој на земјата. Три јапонски производители на автомобили во моментов соработуваат со владата на проектот на автономни возила.

Електричниот Nissan Leaf, прв големосериски автомобил со погон на струја, служи како основа за развојот на технологијата на возилата што самостојно управуваат. Возилото е опремено со камери, ласерски скенери и радар, кои препознава пешаци, семафори, сообраќајни знаци и други објекти. Добиените податоци потоа се обработуваат во компјутер, кој забрзува, сопира и управува со возилото.

Компанијата Nissan смета дека првиот автомобил од сериско производство со технологијата на самостојно управување ќе се појави на пазарот во 2020 година и ќе биде достапна во целата моделска гама. Во развојот на оваа технологија инженерите на Nissan соработуваат со пет врвни универзитети и институти на светско ниво.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes S 65 AMG: Најсилната сериска лимузина на светот

Полска ќе ги собира старите коли со волан од десна страна