за

Полска ќе ги собира старите коли со волан од десна страна

ЕУ очигледно има проблем со користените возила. Како најголем пазар за овие возила во ЕУ, Полска мора да ја укине забраната за возила со десен волан и да отвори пазар за 200.000 возила

Полска ќе мора да попушти во блокадата за регистрирање на возила со волан од десна страна, за коишто смета дека претставуваат опасност во сообраќајот. Притисокот врз земјата веќе почна со препораката од Нило Јаскинен, прв човек на Првостепениот суд на ЕУ во Луксембург, за некогашната земја од Источниот Блок да ја укине забраната за возила со волан од десната страна.

Според Судот, со забраната се повредуваат директивите на ЕУ, како и правата на сопствениците на овие возила. Со овој став Јаскинен застана во одбрана на Комисијата на ЕУ, која што поведе постапка против Полска за овој проблем во 2011 година.

Полското министерство за економија смета дека по укинувањето на забраната ќе се увезуваат до 200.000 возила со десен волан во земјата – годишно!

Европа има голем интерес да го ослободи влезот на пазарот во Полска, како еден од најголемите пазари за користени возила. Во последните две години во земјата се увезени 655.000 користени возила, односно 544.000 возила во првите три квартали од годинава, што е плус од 7,7 проценти во споредба со истиот период лани.

Префрлувањето на воланот од левата страна чини до 5.000 евра

Постапката против Полска ја иницираше во 2008 година еден сопственик на автомобил со волан од десната страна, кој по неуспешната битка со администрацијата во земјата реши да се обрати до Брисел. Префрлувањето на управувањето со автомобилот од десната на лева страна зависно од моделот чини меѓу 1.500 и 5.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На јапонскиот премиер автомобилот му е шофер

Наргиле од Bugatti: За смирување по возењето 1000 КС