за

Најсмешните сервисни повици во историјата

Кога треба да се отстрани фабричка грешка на возилата, тоа не е смешно ниту за сопствениците, ниту за производителите. Но, има и некои случаи во кои човек не може, а да не се насмее.

Некои луѓе мешаат лево и десно, и тоа обично завршува со смешни ситуации. Но, мешањето на левата и десната страна некогаш може да предизвика вистински проблем, како што се случи во фабриката на Honda во Линколн, Аламаба. Работниците ја залепиле ознаката на ванот Odyssey на десната место на левата страна на задниот капак. Зошто тоа би претставувало проблем, ќе се праша некој? Јапонскиот проиводител сепак смета дека се работи за сериозен проблем и ги повика сопствениците на Honda Odyssey да се упатат во сервисите на марката.

Во 2010 година Bentley мораше да ги повика возилата во сервис поради опасноста од повреда од заштитната фигура на марката при удар во пешак
Во 2010 година Bentley мораше да ги повика возилата во сервис поради опасноста од повреда од заштитната фигура на марката при удар во пешак

Honda смета дека идните купувачи при препродажбата на возилото може од погрешното поставување на ознаката на возилото да помислат дека се работи за прелакирана каросерија, како последица од судир. Затоа, тој што не сака неговото возило да биде сомнително при продажбата, ќе мора да го посети сервисот, за ознаката да се постави на вистинската страна. Тоа е бесплатно за сопствениците, но не и за Honda.

Пред две години сличен проблем имаше и Citroen. Поради тоа што француските инженери не внимавале при модификацијата на возилата за британскиот пазар, 20.000 возила беа повикани во сервис. Педалите беа педантно преместени од левата на десната страна, но електрониката и дел од механиката за педалите останале на старото место, каде што биле покриени со тенок теписон. Ако совозачот притиснеше со стопалото на ова место, постоеше опасност да се активираат сопирачките.

Меѓу најнеобичните случаи во последните години се вбројува и нападот на жолтоте пајаци врз Mazda6 во САД. Во 2011 година, Јапонците мораа да ги повикаат сопствениците на Mazda6 во сервис, поради тоа што пајаците обожуваа да ги плетат своите мрежи во отворот за проветрување на резервоарот на овој автомобил – меѓу другото и поради нивната слабост од мирисот на бензин. Мрежите го зачепуваа резервоарот и создаваа опасност за негово пукање. Вкупно 52.000 возила од американско производство мораше да се упатат на отстранување на дефектот во сервисите.

Меѓу класиците во историјата на сервисните повици се вбројува и оној на Jeep Cherokee, кој имаше премногу силни грејачи во седиштата. Поради грешка во регулирањето на температурата кај моделите од 2002 и 2003 година се создаваше екстремна топлина во предните седишта обложени со кожа. Во краен случај тоа можеше да предизвика дури и пожар во возилото.

Причината за тоа што повеќето од необичните сервисни повици се случуваат во САД е во тамошната политика за безбедност на производите. Така беше и во случајот со Cadillac SRX, чии што сопственици мораа да го посетат сервисот поради грешка во упатството за ракување. Во упатството не беше наведено дека воздушната перница за совозачот не е активна кога седиштето е слободно, туку пишуваше дека воздушната перница секогаш се активира при судир. Место да се испечати ново упатство и истото да се дистрибуира до сопствениците, Cadillac мораше да го деактивира интелигентното управување со воздушните перници со интервенција во сервис.

Луксузните марки не се поштедени од вакви проблеми. Во 2010 година Bentley мораше да ја заменува заштитната фигура на марката врз предната маска на моделите Brooklands и Azure, поради можноста за корозија на овој дел. При корозија, механизмот за преклопување на „летачкото Б“ можеше да се заглави и со тоа да се предизвика повреда во случај на удар во пешак. Британската благородна марка тогаш повика 600 возила во сервис, само во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новиот Golf ќе се произведува и во Бразил

Обид за нов рекорд: 10.000 милји од Лондон до Кејптаун за 10 денови