за ,

Најпродаваните марки во Европа во 2013

Во минатата година на пазарот во Европа се продадоа близу 12 милиони нови автомобили, односно 1,7 % помалку отколку во 2012. Dacia и Seat се хероите во кризата, Citroen и Peugeot се губитниците.

Во дванаесетте месеци во 2013 на европскиот пазар се продадоа 11.850.905 нови автомобили, што претставува намалување од 1,7 проценти во споредба со годината пред тоа. Тоа се најлоши продажни резултати по 1995 година. Постојат големи разлики меѓу одделните пазари. Британскиот пазар, на пример, забележа двоцифрен пораст од 10,8 проценти, а плус покажа и шпанскиот пазар, каде се продадоа 3,3 проценти повеќе автомобили отколку во 2012. Другите големи пазари сепак слабеат. Во Германија се продадоа 4,2 проценти помалку автомобили, во Франција 5,7 и во Италија 7,1 проценти.

Меѓу марките постојат големи разлики, дури и меѓу гитантите. Во рамките на концернот Volkswagen, на пример, додека матичната марка Volkswagen е во пад од 4,0 проценти, шпанската марка Seat бележи двоцифрен пораст од 10,6 проценти. Тоа е секако резулат од воведувањето на новиот Leon. Други марки што користат од кризата, без разлика дали го постигнуваат тоа со високата противвредност, како продажен аргумент што добива повеќе во значење во услови на криза, или пак, со погодената моделска програма и свежите модели, се Dacia (+23%), Mazda (+16,7), Land Rover (+8,2%), Jaguar (+16,0) и Mitsubishi (+7,5%).

Нема криза за богатите: Mercedes е во плус од 5,1 проценти

Француските марки се најпогодени од кризата. Peugeot изгуби 7,2 проценти од продажбата, Citroen дури 10,9, додека Renault се уште се држи одлично со умерениот пад од само 1,1 процент. Изненадува слабиот резултат на Chevrolet, кој изгуби речиси една петина од продажбата. Марките на Fiat се во незавидна положба: Додека матичниот Fiat го држи падот во разумни граници, првенствено поради верноста на домашните купувачи, другите марки бележат катастрофални резултати, со падови и до близу 30 проценти, како кај Lancia и Alfa Romeo. Дури и Jeep како да е „заразен“, со минусот од 16 проценти.

Во продолжение следат официјалните продажни статистики за одделните автомобилски марки на европскиот пазар за 2013 година.

Место Марка Продадени примероци во 2013 Промена вo %
(во споредба со 2012)
Volkswagen 1473489 -4,0
Ford 856911 -3,5
Opel 781177 -1,4
Renault 759681 -1,1
Peugeot 705540 -7,2
Audi 676580 -1,4
BMW 621808 -0,1
Mercedes 601780 +5,1
Citroen 576496 -10,9
Fiat 552645 -0,9
Toyota 471257 -0,7
Nissan 398617 -1,9
Skoda 389389 +5,6
Hyundai 372271 -3,5
Kia 296768 +0,2
Seat 278102 +10,6
Dacia 245458 +23,3
Volvo 221104 +0,1
Mini 152079 -2,7
Mazda 136839 +16,7
Suzuki 134586 -1,8
Honda 125446 -1,1
Chevrolet 123724 -17,7
Land Rover 106480 +8,2
Mitsubishi 74057 +7,5
Lancia 73215 -20,3
Smart 65214 -6,5
Alfa Romeo 63716 -28,3
Jaguar 27013 +16,0
Jeep 22004 -15,9
Lexus 21697 -13,1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5300 кандидати за пет вработувања во Ferrari

Колку се рециклирани денешните автомобили?