Клубот ADAC редовно објавува статистика на дефекти. Во податоците за последната година дури 12 модели покажуваат висока чувствителност на дефекти, меѓу нив се Fiat Punto, Ford Mondeo и Volkswagen Eos.
Според последните податоци, издржливоста на возилата во генерален аспект постојано се подобрува откако клубот ADAC започна да ја води статистиката на дефекти во 1978 година, но и натаму има одделни модели со техника која што е чувствителна на дефекти.
Најчест проблем за интервенирање на службата за помош на клубот е акумулаторот. Секој трет дефект што го има регистрирано ADAC во минатата година е предизвикан од акумулаторот. Причини за тоа честопати се пропусти во концепцијата на електриката на возилото. Моделите што поседуваат систем старт-стоп, користат специјален акумулатор. Доколку тој е вграден во просторот за мотор, тој може да се прегрее и брзо да се оштети.
Но, пропустите во констуркцијата не ги погодуваат само скапите возила од престижните марки. Возилата со едноставна техника, како Chevrolet Matiz и Smart Fortwo, исто така покажуваат висока чувствителност на дефекти. Кај возилата од таа класа често пати се штеди кај евтините делови. Модели од истата класа, како Nissan Micra, покажуваат дека може и поинаку. Јапонскиот модел е најдобро пласиран автомобил од ниската класа во статистиката на ADAC.

За многумина оваа статистиката на дефекти е корисен водич при купувањето нов или користен автомобил. За последната статистика се оценуваа 500.000 од вкупно 2,6 милиони пријавени дефекти во минатата година. Во предвид се земаат само техничките дефекти. Оценуваните автомобили се стари до шест години, мора најмалку три години да бидат на пазарот без позначајни промени во техниката и мора да се продадени во најмалку 10.000 примероци во една година. Во последната статистика 93 модели ги исполнија овие критериуми.
[box type=”shadow” ]Најиздржливите модели за 2013 година:
Volkswagen Fox
Ford Ka
Citroen C1
Nissan Micra
Mini
Peugeot 206
Renault Twingo
BMW X1
Audi A1
Citroen C4 Picasso
BMW Серија 1
BMW Серија 3
Mercedes A
Mercedes B
Mercedes C
Audi Q5
Audi A5
Audi A6
BMW X3
BMW серија 5
Mercedes GLK [/box]
[box type=”shadow” ]Најрасипливите автомобили за 2013 година:
Smart Fortwo
Chevrolet Matiz
Honda Jazz
Fiat Punto
Hyundai i20
Hyundai i30
Peugeot 308
Seat Ibiza/Cordoba
VW Eos
Ford Mondeo
Ford S-Max
Opel Zafira [/box]